14 работи што треба да ги знаете за луѓето кои се обидуваат да ја скријат својата анксиозност

8. Размислуваат длабоко и се одлични во решавањето проблеми. Претераната грижа за секоја ситница ги прави овие луѓе одлични во решавањето проблеми. Можеби единствената предност од анксиозноста е што ги тера луѓето да се подготват и за најлошото сценарио.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-lugjeto-koi-se-obiduvaat-da-ja-skrijat-svojata-anksioznost-03.jpg

9. Размислуваат и за нивните мисли и нивните зборови. Луѓето со анксиозност можат одново и одново да размислуваат за она што го кажале или за нешто што го помислиле. Ова, пак, само им ја влошува анксиозноста.

10. Тешко стекнуваат доверба, но можат да ве убедат дека ви веруваат. Овие луѓе сакаат сите околу нив да се чувствуваат среќно и пријатно, па затоа и лажат за вакви работи.

11. Сакаат контрола над секој аспект од животот. Иако знаат дека ова е невозможно, анксиозноста ги тера да се обидуваат да го контролираат секој детаљ од нивниот живот.

12. Можат да бидат навистина неодлучни. Кога по стоти пат ќе размислувате за предностите и недостатоците од нешто, и вие би биле неодлучни. Проблемот е што анксиозноста ги тера овие луѓе да веруваат дека секогаш мора да го направат вистинскиот избор, па некогаш им е навистина тешко да одлучат.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-lugjeto-koi-se-obiduvaat-da-ja-skrijat-svojata-anksioznost-04.jpg

13. Претпостауваат дека никој не ги сака. Колку и да сакаат да веруваат во спротивното, анксиозноста не им го дозволува тоа. Всушност, токму и поради ова постојано размислуваат за она што го кажале или за нивното однесување.

14. Паметни се, но се сомневаат во својата интелигенција. Анксиозноста е поврзувана со повисока интелигенција, но самото нарушување не им дозволува на луѓето да прифатат дека се паметни. Анксиозноста ги тера да веруваат дека никогаш не се доволно добри и постојано да се сомневаат во себе.

Погледнете и Како да се справите со паничните напади?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава