14 работи што треба да ги знаете за луѓето кои се обидуваат да ја скријат својата анксиозност

Иако анксиозноста е еден од најраспространетите проблеми со менталното здравје, таа сè уште претставува табу-тема.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-lugjeto-koi-se-obiduvaat-da-ja-skrijat-svojata-anksioznost-01.jpg

Повеќето луѓе кои страдаат од анксиозност го кријат овој факт, плашејќи се дека ќе бидат осудувани. Поради ова, многумина патат од таканаречена скриена анксиозност, која сепак има влијание врз нивното однесување и нивниот начин на размислување.

Затоа, добро би било да знаете низ што сè минуваат овие луѓе за подобро да ја сфатите нивната состојба и барем да не им отежнувате ако не можете да помогнете.

Погледнете ги 14-те работи што треба да ги знаете за луѓето кој ја кријат нивната анксиозност:

1. Не ја кријат анксиозноста, туку се обидуваат да ги скријат симптомите. Овие луѓе можеби ќе ви кажат дека страдаат од анксиозност, но ќе дадат сè од себе за да ги скријат нивните симптоми. Поради ова може да ви се чини како да немаат никаков проблем.

2. Неретко чувствуваат анксиозност поради самото нарушување. Бидејќи се свесни за својата состојба и нејзиното влијание, овие луѓе се во постојан страв дека анксиозноста ќе ги „нападне“ кога се надвор од дома.

3. Не се асоцијални. Луѓето со анксиозност сакаат да излегуваат и да се дружат со другите, но неретко нивната состојба не им го дозволува ова. Едноставно, некогаш им е премногу тешко да бидат опкружени со други луѓе, особено ако знаат дека некој ќе забележи дека нешто не е во ред.

4. Понекогаш си ја влошуваат ситуацијата бидејќи ги потиснуваат нивните чувства. Луѓето со анксиозност не сакаат да бидат сожалувани и секогаш ќе направат компромис само за да ги скријат нивните симптоми. Тие дури и ќе ги премолчат работите што не им се допаѓаат, само за да нема конфликти, но честопати ова прави да се чувствуваат уште полошо.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-lugjeto-koi-se-obiduvaat-da-ja-skrijat-svojata-anksioznost-02.jpg

5. Премногу се свесни за нивното опкружување и имаат многу развиена интуиција. Стравот е нормална појава која нè тера да бидеме свесни за нашето опкружување. Луѓето со анксиозност речиси константно чувствуваат страв, и поради ова се многу посвесни, а со тоа и почувствителни на нештата што се случуваат околу нив.

6. Најчесто состојбата им се влошува на места со многу луѓе, најмногу поради претераното размислување. На пример, нив не им е страв дека ќе го паднат испитот, туку страв им е дека ќе паднат пред другите и ќе ги разочараат сите.

7. Не се справуваат само со чувството на страв. Луѓето кои страдаат од анксиозност постојано се грижат нешто, од секоја постапка го очекуваат најлошиот резултат, не можат да се релаксираат… Всушност, тие постојано водат војна со нивните мисли.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg