Симптоми за проблеми со тироидната жлезда кои не треба да ги игнорирате


Симптоми за проблеми со тироидната жлезда кои не треба да ги игнорирате

Тироидната жлезда е одговорна за лачење хормони кои регулираат многу процеси во нашето тело. Затоа, кога нејзината функција е нарушена, можат да настанат бројни проблеми во организмот.

Simptomi za problemi so tiroidnata zhlezda koi ne treba da gi ignorirate-01.jpg

Симптомите кои се јавуваат со проблемите со тироидната жлезда можат да бидат суптилни, па важно е да знаете на кои промени треба да обрнете внимание.

Погледнете ги симптомите за проблеми со тироидната жлезда кои не треба да ги игнорирате:

Замор и раздразливост

Проблемите со тироидната жлезда можат да предизвикаат замор, летаргија, а понекогаш и констипација. Неретко се јавуваат и проблеми како депресија, намалена концентрација и слично.

simptomi-za-problemi-so-tiroidnata-zhlezda-koi-najchesto-se-ignoriraat-02.jpg

Промена на пулсот

Хормоните од тироидната жлезда можат да влијаат и врз вашиот пулс. Кај пациентите со вакви проблеми е забележан пулс поголем од 90 отчукувања во минута, дури и кога одмораат.

simptomi-za-problemi-so-tiroidnata-zhlezda-koi-najchesto-se-ignoriraat-03.jpg

Нагли промени на тежината

Наглата промена на тежината е еден од најчестите симптоми. Слабеењето или дебелеењето во многу краток период може да биде знак за намалена активност на жлездата.

simptomi-za-problemi-so-tiroidnata-zhlezda-koi-najchesto-se-ignoriraat-04.jpg

Сува кожа и кршливи нокти

Сувата кожа што чеша може исто така да биде знак за проблеми со тироидната жлезда. Истовремено, и вашите нокти можат да станат многу покршливи.

simptomi-za-problemi-so-tiroidnata-zhlezda-koi-najchesto-se-ignoriraat-05.jpg

Оток на вратот

Отокот на вратот е веќе видлив симптом и ако го забележите, најдобро одете на лекар.

simptomi-za-problemi-so-tiroidnata-zhlezda-koi-najchesto-se-ignoriraat-06.jpg

Болки и грчеви во мускулите

Проблемите со тироидната жлезда можат да се манифестираат и како болки низ целото тело. Во повеќето случаи, овие болки се предизвикани од отоци на мускулите кои ги притискаат нервите.

simptomi-za-problemi-so-tiroidnata-zhlezda-koi-najchesto-se-ignoriraat-07.jpg

Не заборавајте дека не треба да сами да си поставувате дијагноза според овие симптоми. Ако се сомневате дека има каков било проблем, консултирајте се со вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе ни се случи ако никогаш во животот не видиме сонце? Научно е докажано дека сонцето има големо влијание врз расположението на луѓето,...
7 симптоми на менингитис кои секој родител треба да ги знае Менингитисот е заболување кое претставува воспаление на мозочните обвивки. ...
Симптоми на депресија по одмор и трикови како да ја спречите Изморени сте, работните часови не ви поминуваат, а вашиот ум ја користи секоја м...