Како до повеќе енергија?

kako-do-poveke-energija-povekjeУморни сте, толку многу што едвај станувате од кревет.Со тоа во комплет оди и безволноста. Па така уморни и безволни, ќе си досадите и ќе станете нервозни и преосетливи.

 

Премногу сте нерасположени за да размислите што да преземете, а не ви се допаѓа и тоа што толку безволно се чувствувате.

Дали оваа приказна, или барем еден дел од неа, ви се чинат познати? Ако е така, еве неколку предлози како да ја поправите својата состојба.

kako-do-poveke-energija

Еден од предлозите е фитнес. Навистина, тешко е да се вежба кога ве мрзи и од кревет да станете, но за почеток не треба да ги правите ни вежбите. Доволно е барем десетина минути да прошетате, па да ви се обнови енергијата (влечењето намирници од самопослуга или пазар – не се брои). Во текот на прошетката треба да сте физички неоптеретени, а  се важи и ако се симнете од автобус една или две станици порано и останатиот дел од патот го испешачите.

Пијте повеќе вода! Една од најчестите причини за умор е дехидратацијата. Ако немате обичај често да пиете вода, воведете ја оваа навика. Најлесен начин да се потсетите да испиете малку вода е да ја гледате пред вас, чашата или шишето со вода. Стручњаците советуваат на секој половина час да испиете малку студена вода, за тоа да му биде сигнал ма мозокот да се разбуди, а на вашето тело ќе му даде дополнителна енергија.

Уште една причина за умор и безволност е недостигот на кислород (прозевањето, покрај останатото, е рефлексен обид на организмот да се снабди со повеќе кислород). Затоа кога ќе се почувствувате уморно и поспано, длабоко вдишете пет до десет пати и тоа на следниот начин:вдишувајте две секунди, а издишувајте четири. Во што се состои трикот? Кога дишете на овој начин, низ вашето тело ќе проструи повеќе кислород, а со самото тоа ќе добиете и повеќе енергија.

Длабоко вдишете, испијте малку студена вода и малку прошетајте (ако сте во канцеларија, протегнете се и неколку пати чучнете – ако колегите чудно ве гледаат, кажете им дека сте се укочиле) и веднаш ќе се чувствувате посвежо.

Пробајте!

Би можело да ве интересира:

Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да би...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg