Купувајте онлајн: 5 најдобри електрични масажери за домашна употреба препорачани од експертите

(Комерцијален текст) Масажата на телото може да се користи за релаксирање, и за опоравување на мускулите. Иако би било прекрасно да имате свој личен масер, или да отидете на масажа, секојпат кога ќе го завршите тренингот или почувствувате мало грчење во грбот, реалноста е дека повеќето луѓе не можат да си го дозволат тоа, ниту имаат време за вакво задоволство.

kupuvajte-online-5-najdobri-elektricni-masazeri-za-domasna-upotreba-preporacani-od-ekspertite-01 (2).jpg

За среќа, прилично добра замена за тоа се електричните масажери.

И додека премиум масажерите можат да чинат над 10.000 денари, денеска онлајн можат да се најдат врвни електрични масажери од 1000 до 2000 денари.

Придобивките од електричните масажери се:

  • Подобрувањето на циркулацијата на крвта.
  • Опуштање на мускулите.
  • Масажерите ги ублажуваат болките.
  • Намалување на целокупната вкочанетост.
  • Помагаат за закрепнување после напорен тренинг.
  • Зголемување на ендорфинот за подобро расположение, и помагаат при хронична болка.
  • Намалување на нивото на хормонот на стресот.
  • Го зајакнуваат вашиот имунитет.

Најдобрите електрични масажери се способни да направат третмани слични на рачна масажа, со едно притискање на копче. Ударните масажери во форма на пиштол, можат да помогнат во стимулирање на циркулацијата на вашите мускули за да се чувствувате подобро и да се намали нивната вкочанетост.

Многу од овие електрични масажери овозможуваат третмани на грбот, а исто така обезбедуваат топлина, вибрации и прилагодено ниво на терапевтско олеснување на вратот, рамената, рацете и на многу други делови од вашето тело.

Важно е да ги прочитате вклучените упатства, пред да го користите масажерот, бидејќи така ќе избегнете влошување на проблемот.

Ви ги претставуваме најдобрите електрични масажери препорачани од личните тренери, кои се достапни за продажба во Македонија.

Сите масажери можете да ги нарачате тука, а изборот зависи од вашите потреби.

1. Шиатцу масажер со затоплување

Со овој масажер ќе добиете специјален третман во пределот на вратот, рамената, половината и целото тело.

Специјално дизајниран за олабавување на вкочанетите и болни мускули предизвикани од секојдневен замор и неправилна положба на телото.

kupuvajte-online-5-najdobri-elektricni-masazeri-za-domasna-upotreba-preporacani-od-ekspertite-02.jpg

Со овој масажер ќе добиете специјален третман во пределот на вратот, рамената, половината и целото тело. Специјално дизајниран за олабавување на вкочанетите и болни мускули предизвикани од секојдневен замор и неправилна положба на телото.

Уредот е дизајниран да се носи околу вратот, но може да се користи и на грб, нозе, раце или стомак.  Едноставно поставете го уредот на вашата болна точка, и оставете ги осумте јазли за масажа да ја завршат својата работа.

 2. ЕМС- масажер за врат

ЕМС (Електро стимулација на мускулите) е нова технологија за ублажувањето на болката. ЕМС е вообичаен и ефикасен начин за: ублажување на непријатност и болка, намалување на грчеви во мускулите, враќање на мускулниот тонус и за рехабилитација на делови од телото.

kupuvajte-online-5-najdobri-elektricni-masazeri-za-domasna-upotreba-preporacani-od-ekspertite-03.jpg

ЕМС масажерите може да се користат на попречен зглоб или пршлен, за да се зголеми опсегот на движење и да се промовира заздравување во повредената област, со зголемување на крвотокот во таа област, и со тоа намалување на воспалението.

Многу пациенти сугерираат дека ЕМС масажерите помага при ублажување на нивната хронична болка во зглобовите и мускулите, како и намалување на напнатоста.

3. Ударен масажер во форма на пиштол

Можеби на прв поглед изгледа како ударен ротирачки чекан (хилта), но ова е всушност најновата алатка за опоравување на мускулите.

kupuvajte-online-5-najdobri-elektricni-masazeri-za-domasna-upotreba-preporacani-od-ekspertite-07.jpg

За  неговата популарност помогнаа професионални спортисти кои јавно го користат, како и видеата на Инстаграм кои покажуваат гумен чекан-пиштол за масажа, кој испраќа хипнотизирачки ефект на површината на кожата.

Пиштолите за масажа го нудат она што е познато како ударна или вибрациона терапија. Овој вид на масажа обезбедува брзи налети на притисок во мускулното ткиво на телото (оттука и бранувачкиот ефект на пиштолите за масажа) додека главата осцилира напред и назад. Масерите традиционално го прават ова со удари со рацете или зглобовите до дадената мускулна група за да го добијат овој ефект.

Сепак, пиштолите за масажа им овозможуваат на спортистите да ги добијат истите придобивки, но во удобноста на своите домови (и без потреба да плаќаат луксузни спа услуги).

4. Електричен масажер перница

Постојат многу различни видови перници за масажа, но сите тие имаат иста цел и функција. Повеќето перници за масажа користат три вида притисок за стимулирање на мускулното движење и циркулацијата на крвта.

kupuvajte-online-5-najdobri-elektricni-masazeri-za-domasna-upotreba-preporacani-od-ekspertite-05.jpg

Прво, перниците за масажа користат јазли или ролки во форма на топка, кои се движат во однапред утврдена насока за да ги стимулираат вашите мускули.

Овој масажер може да се користи дома, во канцеларија или во автомобил за кој е адаптер за напојување, и адаптер за автомобил 12V.

Ролните можат да се движат во насока на стрелките на часовникот и обратно.

Опремено со уред за заштита од прегревање, автоматско исклучување за да се обезбеди безбедност.

5. X5 Електричен вибрирачки појас

Појасот за слабеење X5 е дизајниран според човечкиот струк, за да се обезбеди најголем степен на удобност.

kupuvajte-online-5-najdobri-elektricni-masazeri-za-domasna-upotreba-preporacani-od-ekspertite-06.jpg

Има силно магнетно поле што ја подобрува клеточната активност, и ја зголемува микро-циркулацијата со што ја прави вашата кожа поразлична и поубава.

Помага за да се релаксираат напнатите мускули и да се поврати енергијата што ќе ве направи по енергични.

Функцијата за слабеење може да ви помогне да ја постигнете посакуваната форма.

Ја подобрува циркулација на крв, го намалува замор на мускулите, го намалува и производството на млечна киселина.

Иако ништо не е подобро од човечките раце кога станува збор за масажа, електричните уреди за масажа се навистина бесценети, и со мала инвестиција за купување на добар масажер, можат многу да ви помогнат. Ќе направат вашето тело да се чувствува неверојатно, да го намалите стресот, да ја ублажите болката, па дури и да го подобрите вашиот имунитет.

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Трикови и совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од комарци Сезоната на комарците започна. Ова сигурно го почувствувавте на сопствената кожа...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg