Митови и вистини за целијакија и нетолеранција на глутен - што е тоа, какви проблеми предизвикува и како се третира?

Целијакијата е автоимуна болест која предизвикува проблеми со тенкото црево, некогаш и другите органи, ако консумирате глутен. Истовремено, постои и таканаречена чувствителност на глутен без целијакија – ова е нарушување за кое уште не се знаат доволно работи.

mitovi-i-fakti-za-celijakija-netolerancija-na-gluten01.jpg

Ако досега сте добиле дијагноза за целијакија, веројатно знаете дека треба да се држите понастрана од храна со глутен. Сепак, последниве неколку години многу луѓе се откажуваа од глутенот без да имаат здравствени проблеми, а поради ова се појавија многу митови за самото нарушување, кои можат да им наштетат и на оние кои навистина го имаат овој проблем.

Што е глутен?

Глутенот е протеин кој се наоѓа во житарките како пченица и ’рж. Овој протеин содржи глутенин и глијадин, од кои глијадинот е одговорен за негативните ефекти што ги чувствуваат луѓето со целијакија.

Какви проблем предизвикува глутенот кај луѓето со целијакија?

Овие луѓе не можат да поднесат ни најмало количество глутен. Кај нив, глутенот го оштетува тенкото црево, а ова може да има влијание врз апсорбирањето на хранливите материи од храната. Глутенот може да им предизвика и други проблеми, како подуеност, замор, дијареја, депресија, анемија, осипи, драстично слабеење…

mitovi-i-fakti-za-celijakija-netolerancija-na-gluten-02.jpg

Дали треба да се откажете од глутенот дури и ако немате целијакија?

Ако сакате да го исфрлите глутенот од ихраната, не заборавајте дека сигурно ќе се соочите со недостаток на одредени хранливи материи. Со овој начин на исхрана ќе мора да се откажете од многу видови храна, кои покрај глутен, содржат и важни хранливи материи, особено хранливи влакна.

Некои луѓе се одлучуваат за безглутенска исхрана поради здравјето, но експертите нагласуваат дека само затоа што нешто нема глутен, не значи дека е поздраво.

Многу подобро е да продолжите да консумирате глутен, но од „поздрави“ извори – на пример, јадете интегрален леб.

Пред да се одлучите на вакви големи промени во исхраната, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Најчестите митови поврзани со целијакијата:

Луѓето со целијакија не можат да јадат леб

Луѓето со ова нарушување не можат да јадат леб што содржи глутен, но денес постојат не само леб, туку и тестенини, тортилји и многу други алтернативи на секоја храна, но без глутен.

Оние кои не јадат глутен се само пребирливи

Целијакијата е вистинска автоимуна болест. Не можете сами да си поставите дијагноза за оваа болест, туку треба да одите на лекар. Ако лекарот ви каже дека имате целијакија, тогаш ќе треба да избегнувате храна со глутен, бидејќи засега ова е единствениот третман.

mitovi-i-fakti-za-celijakija-netolerancija-na-gluten-03.jpg

Малку пченица нема да предизвика проблем за оние со целијакија

Не треба да им замерувате на луѓето со целијакија ако воопшто не сакаат да пробаат продукт со житарици или минимално количество глутен.

Кога го имате ова нарушување, само 50 милиграма глутен можат да предизвикаат штета на дигестивниот систем. Но, оние кои не се дијагностицирани со целијакија, не може да имаат никаков проблем од консумирањето пченица.

Целијакијата и чувствителноста на глутен се исто нешто

Некои луѓе немаат целијакија, но сепак се чувствителни, односно нетолерантни на глутен. И во двата случаи, лекарите препорачуваат безглутенска исхрана, но секој случај е посебен за себе, па најдобро е да се консултирате самите со лекар за вашата ситуација.

Оние кои се само чувствителни на глутен може да ги искусат истите симптоми како и луѓето со целијакија, но кај нив не настанува штета на тенкото црево. Засега експертите не се сигурни дали глутенот ги предизвикува овие симптоми, или сепак е нешто друго.

„Има многу нејасни работи во овој случај, па затоа нарушувањето го нарекуваме чувствителност на глутен без целијакија“, вели доктор Армин Алаедини кој правел истражувања на оваа тема.

mitovi-i-fakti-za-celijakija-netolerancija-na-gluten-04.jpg

Целијакијата се појавува во детството

Ова нарушување може да се појави кај секого, без разлика на неговата возраст. Некои истражувања покажале дека луѓето кои имаат семејна историја со болеста, имаат и поголем ризик да ја добијат.

Сепак, симптомите можат да се разликуваат во зависност од вашата возраст. На пример, кај децата најчесто се јавува раздразливост и одложен пубертет, додека возрасните се соочуваат со симптоми како анемија, болки во стомакот, болки во зглобовите и слично.

Целијакијата е алергија

Иако можеби сте ја сретнале болеста како „алергија на глутен“, целијакијата е автоимуна болест.

Постои мит дека целијакијата е исто како алергија на пченица или житарки, но во овој случај, ако пациентот е алергичен, ќе искуси отоци, па дури и задушување ако консумира пченица.

Морате да користите и продукти за убавина без глутен

Засега нема доказ дека глутенот ќе предизвика проблеми кај луѓето со целијакија ако се наоѓа во нивните продукти за убавина. Односно, ако имате целијакија, важно е да не внесувате храна со глутен, но слободно користете продукти за убавина со оваа состојка. Сепак, и за ова е најдобро да се консултирате со вашиот лекар.

Напомена: Важно е да се знае дека секој организам е различен и дека треба да дејствувате според вашата здравствена состојба, а не според генерални совети и препораки. За сите промени во исхраната, задолжително консултирајте се со лекар и не си поставувајте сами дијагнози. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg