Соновите имаат порака - ги откриваат скриените и потиснати чувства на личноста

Секој сон има порака за сонувачот. Сонот е кралски пат кон интегрираноста. Сонот е важна комуникација со себе и е најспонтаната работа што човекот ја прави.

sonovite-imaat-poraka-gi-otkrivaat-skrienite-i-potisnati-chuvstva-na-lichnosta-01.jpgфото: pexels.com

Според Фриц Перлс основачот на Гешталт теоријата, соновите претставуваат незавршени ситуации кои ни нудат егзистенцијални пораки кои се однесуваат на нашиот идентитет, сегашни конфликти и борби во себе. Во нив се откриваат чувства кои се скриени и потиснати од свесноста на личноста. Сонот е рефлексија на несвесното, во него се јавува човековата емоционална вистина.

Човекот е сам креатор на своите соништа и тие се најспонтаната работа што ја прави. Сонот е кралски пат кон интегрираноста. Со тераписка работа преку сон, личноста ги гледа своите испроектирани и отфрлени делови од себе и со помош на водството од терапевтот ги реинтегрира.

Во гешталт психотерапијата соништата не се интерпретираат, туку се оживуваат. Тие не се преведуваат во смислени целини користејќи некој симболички концептуален систем.

Во гешталтистичката теорија, сонувачот има уникатен и личен симболизам кој важи исклучиво за него. Клиентот го носи сонот во „Овде и Сега’’, го раскажува и повторно го доживува во сегашноста, го актуелизира.

Сите делови од сонот се фрагменти на клиентот, и се истражуваат дел по дел, започнувајќи од најприоритетните. Потребите се рангираат и се манифестираат хиерархиски во зависност од важноста за клиентот. Конфликтите кои се на врвот на хиерархијата во внатрешниот свет на личноста, ќе се појавуваат постојано како повторувачки сонови се додека не се обработат и разрешат.

Секој сон носи порака за сонувачот, која треба да се прочита, тој претставува важна комуникација со себе.

Работата на терапевтот не е во насока на интерпретација и толкување на сонот туку да даде насока кон важните делови од него кои клиентот ги избегнува, ги потиснува.

sonovite-imaat-poraka-gi-otkrivaat-skrienite-i-potisnati-chuvstva-na-lichnosta-02.jpg  М-р Ивана Хаџиванова - Психолог, Психотерапевт и Супервизор

Личноста ги проектира своите мисли, чувства, зборови и емоции на други ликови од сонот или на некој објект во него. Со влегување во улогата на некој од деловите во сонот, клиентот искуствено истражува, доживува емоции, добива нови перспективи и свесности. Секој дел од сонот е личен на сонувачот, тој го создава и има значење за него.

На пример, ако личноста сонува дека некој ја брка во некое поле, терапевтот може да сугерира да застане и да започне дијалог со прогонителот и да ги добие одговорите на поставените прашања. Потоа, клиентот може да влезе во улога на прогонителот и да ја истражи и таа позиција од која ќе добие нова перспектива, нова свесност и откритие за себе.

Работата со сонови во психотерапијата е многу интересен и креативен процес, преку кој може да се запознаете себеси, да работите на својата интегрираност, недовршени работи, конфликти и процеси во себе.

Сонот е одлична алатка за експлорација, работа на себе и личен раст и развој, која често и успешно се употребува во психотерапискиот процес.

Прочитајте и: За намалување на анксиозност и спречување паничен напад: Научете ја техниката на абдоминално дишење

Текстот го подготви М-р Ивана Хаџиванова 
Психолог, Психотерапевт и Супервизор
Основач на НЕОКОРТЕКС- Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација
НЕОКОРТЕКС може да ги следите на Фејсбук и Инстаграм

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg