10 суптилни знаци дека годините почнале да го „напаѓаат“ мозокот

Човечкиот мозок сака да учи за да остане во форма. Но, дури и да не му давате шанса да стане мрзелив, годините може да си го соберат данокот.

10 suptilni znaci deka godinite pocnale da go napagjaat mozokot 001

Како да препознаете дали вашиот мозок почнал да пропаѓа?

Овие 10 знаци се првите предупредувања:

1. Станавте чувствителни и бурно реагирате на критика, додека вие често ги критикувате другите.

2. Не сакате да учите нови работи. На работното место ви треба многу време да усвоите нова стратегија или да научите нова програма на компјутерот.

3. Многу почесто речениците ги почнувате со „порано...“

4. Можете да зборувате за нешто бескрајно, иако забележувате дека соговорникот не е заинтересиран за темата.

5. Тешко ви е да се сконцентрирате додека читате. Мозокот ви е омлитавен и чувствувате дека секоја ситница ви го одвлекува вниманието.

6. Некогаш ви е тешко да пронајдете зборови како да се изразите.

7. Почнувате да се расправате за работи кои не ги разбирате најдобро, а мислите дека сте експерти.

8. Кога мора да бирате помеѓу нешто ново и добро познато, го бирате второто.

9. Цврсто се држите до ритуалите.

10. Држите предавања и „солите памет,“ но сметате дека не се мешате во туѓите избори, туку тоа го правите за нивно добро.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg