Променливо расположение, мачнини и уште 6 можни симптоми на рана бременост

Кои се првите знаци на бременост? Иако секоја жена е различна и кај секого бременоста се манифестира различно, сепак медицинските лица се согласни дека постојат неколку првични знаци и рани симптоми што би можеле да ви навестат дека сте бремени - но, не и да гарантираат.

prvi-znaci-na-bremenost-sto-da-ocekuvate-ako-ocekuvate-01.jpg

Прв и најсигурен симптом за бременост е доцнењето на менструалниот циклус, но може да се издвојат уште неколку симптоми за кои медицинските лица се согласни дека се карактеристични за бремените жени.

Сепак, мора да имате предвид дека раните симптоми на бременост речиси во целост се слични и на голем број други здравствени состојби и не мора да значи дека наскоро ќе станете мајка, па ако забележите некои од нив, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. 

Рани симптоми кои би можеле да укажуваат на бременост:

Чувствителни гради

Во раната бременост, хормоналните промени може да предизвикаат чувствителност и болка на градите.

Најверојатно е дека со развојот на бременоста оваа непријатност ќе ја надминете, откако телото ќе се адаптира на хормоналните промени. 

Мачнини со или без повраќање

Утринските мачнини, иако се нарекуваат така, може да ги почувствувате во кој било период од денот.

Тие најчесто почнуваат еден месец по зачнувањето, но има жени што чувствуваат мачнини и порано.

Има и такви жени што воопшто нема да го почувствуваат овој симптом. Сè уште нема точни информации зошто се јавува овој симптом, но лекарите сметаат дека голема улога играат повторно хормоналните промени.

prvi-znaci-na-bremenost-sto-da-ocekuvate-ako-ocekuvate-03.jpg

Зголемена потреба за мокрење

Зачестената потреба за мокрење е уште еден од раните симптоми на бременост.

Количеството крв во вашето тело се зголемува во бременоста, поради што вашите бубрези обработуваат дополнителна течност која завршува во мочниот меур.

Сепак, зголемената потреба за мокрење може да укажува и на други здравствени состојби и не е сигурен знак за бременост.

Замор

Често бремените жени се жалат на замор, а ваквото чувство може да се јави уште во најраната бременост.

Таквото чувство се јавува благодарение на растењето на нивото на хормонот прогестерон.

Честа промена во расположението

Променливо расположение, нервоза, емотивност…

Често може да се случи за време на бременост да бидете емотивни и да се расплачете и за безвредни работи.

Главни виновници за оваа состојба повторно се хормоните, но има жени што воопшто и не го чувствуваат овој симптом, како и такви кај кои овој симптом не зависи од бременост, туку од некакви други промени.

prvi-znaci-na-bremenost-sto-da-ocekuvate-ako-ocekuvate-05.jpg

Подуеност

За време на раната бременост може да ви се случи да се чувствувате подуени, слично на тоа како што се чувствувате пред да добиете менструација.

Затоа, сè додека не направите тест или лекарски преглед, не можете да бидете сигурни дека сте бремени доколку се соочувате со ваков симптом.

Слабо крвавење

Понекогаш благото крвавење, познато како имплатациско крвавење, може да биде еден од првичните знаци за бременост.

Ова крвавење често се случува кога оплодената јајце-клетка ќе се прикачи за матката, односно 10 до 14 дена по зачнувањето.

Со други зборови, имплатациското крвавење се јавува во периодот кога би требало да добиете редовна менструација. Но, тоа не се јавува кај сите жени.

prvi-znaci-na-bremenost-sto-da-ocekuvate-ako-ocekuvate-07.jpg

Болки во стомакот и гадење

Некои жени може да почувствуваат болки во стомакот во раната бременост, токму поради тоа што телото се подготвува за идните промени и матката почнува да се шири.

Освен овие симптоми веќе сите ги знаат оние вообичаените присутни речиси во секој холивудски филм, гадење од одредена храна, нетрпеливост и неподнесување на одредени мириси и слично.

prvi-znaci-na-bremenost-sto-da-ocekuvate-ako-ocekuvate-06.jpg

Сепак, мора да се напомене дека ниту еден од овие симптоми не се ексклузивни само за бременоста.

Доколку очекувате да останете бремени, би било добро да направите тест дома и веднаш да се консултирате и со вашиот матичен гинеколог, ако имате некој од овие симптоми.

Тестовите се обично точни, но потврдата од доктор е дефинитивно најдобар доказ.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава