Најдобри здрави навики

najdobri-zdravi-naviki-povekjeВо денешно време секој од нас живее со забрзано темпо на живот и за жал здравјето и фитнесот не можат секогаш да имаат приоритет. Подолу ви пренесуваме некои од...


...најдобрите совети со помош на кои секогаш ќе бидете во форма:

Наведнете се на правилен начин
Една стара изрека вели дека телото е храм. Значи во каква и да е форма вашето тело, кон него треба да се однесувате со почитување и грижа. Тоа особено се однесува на грбот кој е столб на целото тело. За да се спречат повредите и секогаш да се биде подготвен за акција, потребно е да се користи правилна техника за подигање: свиткајте ги колената, држете го грбот исправен и подигајте со нозете.

najdobri-zdravi-naviki

Истегнете се наутро и навечер
Да се остане фит и без повреди во голема мерка зависи од физичката флексибилност. Многумина од нас добар дел од работното времего поминуваат седејќи, па во таквата положба мускулите се ригидни и скратении се зголемува можноста за повреда при непланирана физичка активност. За да се осигура добро функционирање на вашето тело, истегнувајте се секое утро и вечер (се разбира по разумно загревање) или барем после некоја лесна телесна активност.

Дишете  почесто со стомакот отколку со градниот кош
Многумина не дишат правилно, односно дишат со градниот кош земајќи кратки и брзи здивови. Меѓутоа треба да се дише со дијафрагмата, подрачјето помеѓу стомакот и градниот кош. Дишењето на овој начин е помалку напорно, го зголемува внесувањето на кислород и го опушта телото и духот. Едноставната промена во начинот на дишење може да има драстично влијание на физичката активност.

Јадете здрава храна за појадок
Веројатно ова сте го слушнале безброј пати, но појадокот е навистина најважниот оброк во денот. Не само што здравиот појадок ќе го придвижи вашиот метаболизам, истражувањата покажуваат дека и ја подобрува телесната и менталната благосостојба. Здравиот појадок треба да содржи јаглени хидрати, протеини и малку здрави маснотии. Омлет од белки со сапанаќ и резанка авокадо со тост од житарици би бил вистински избор за појадок.

Заменете го џанк фудот со здрави грицки
Ако во текот на денот имате три оброци, веројатно помеѓу оброците ќе ви падне нивото на енергија. Со грицкање на здрава храна, наместо традиционален џанк фуд, ќе го здржите нивото на енергија без жртвување на здравјето. Традиционалниот џанк фуд содржи големи количини на шекер или масти. Кога се конзумира нездрава храна се добива моментален поттик по што следи голем пад на енергијата. Здравите грицки (сушено незашекерено овошје, ореви, лешници....) од друга страна, помагаат енергијата да остане на еднакво ниво во текот на целиот ден.

Во текот на денот јадете повеќе помали оброци
Повеќето од нас имаат три стандардни оброци дневно. Иако во тоа нема ништо лошо, сè повеќе стручњаци укажуваат дека е пожелно храната во текот на денот да се распореди во пет или шест помали оброци.

Земете си шише со вода од дома
Можеби нема да биде убав моден додаток, но шишето со вода секогаш е добредојдено. Наспроти фактот дека никој не знае колку вода треба да се внесува во организмот, нашето тело всушност, првенствњено се состои од вода. Дури и блага дехидратација може да ја доведе до намалување на физичката кондиција и поголема подложност на оштетување на мускулите.

Обезбедете си доволно сон
Недоволно сон, подолг временски период може да има несакани ефекти за психофизичкото здравје. За возрасен човек 8 часа сон би била здрава средна вредност (секако постојат индивидуални разлики), а 7 часа би била долната граница под која не би смеело да се оди. Многу луѓе кои не добиваат доволно сон се раздразливи, лошо расположени и тешко се соочуваат со стресот. Таквите луѓе страдаат од анксиозност и депресија. Одморените луѓе, полесно ги поднесуваат секојдневните стресови.

Вежбајте 3-4 пати во текот на неделата
Сите здрави навики нема да ви помогнат ако по цел ден седите пред телевизор. За да бидете здрави, треба да се движите и да бидете активни.

Но, колку вежбање е доволно? Повеќето здравствени организации препорачуваат 30 минути редовни фузички активности со умерен интензитет, за да се спречат кардиоваскуларните болести и да се одржи кондицијата. Секако, што повеќе вежбате-тоа подобро.

Одете повеќе
Ако се возите со автобус, излезете една станица порано и пешачете. Одете на шопинг, пешки. Паркирајте го автомобилот подалеку од местото каде што работите и испешачете до работа. Одете со велосипед на работа.

Би можело да ве интересира:

9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Го подобрува расположението и уште 4 придобивки од кромидот Знаевте ли дека кромидот може да делува како природен антихистамин кај некои луѓ...
Што е тоа Хепатит Ц, како да откриете дека го имате и може ли да се излечи? Може да поминат месеци додека заразените со Хепатит Ц откријат дека го имаат, за...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg