Што претставува мигрената и зошто е почеста кај жените?

Мигрената е многу повеќе од обична главоболка – таа е невролошка состојба која може да предизвика низа симптоми, од кои најпознати, но и најчести се многу силните, интензивни главоболки. Мигрената може да се карактеризира и со симптоми како гадење и чувствителност на звук и светлина.

shto-pretstavuva-migrenata-i-zoshto-e-pochesta-kaj-zhenite-01.jpg

Во детството, мигрената е почеста појава кај момчињата отколку кај женските, но после пубертетот, мигрената е многу позастапена кај женските.

Всушност, мигрената се јавува трипати почесто кај возрасните жени, за разлика од возрасните мажи.

Мигрената е почеста кај жените поради хормоните

Жените не само што почесто се соочуваат со мигрена, туку и ја искусуваат поразлично од мажите. Кај нив епизодите на болка се јавуваат почесто и траат подолго, а и хроничната болка е почеста кај нив.

Главниот виновник за ова најчесто е хормонот естроген и најсилните „напади“ на мигрена кај жените се случуваат кога се менува неговото ниво во организмот.

Мигрената може да биде предизвикана и од други нешта, но таканаречената хормонална мигрена доминира кај жените. Како што напоменавме, оваа мигрена настанува поради женските хормони, особено естрогенот, и може да биде најизразена за време на менструација, овулација, бременост, перименопауза или во првите денови откако ќе почнете или престанете да земате лекови кои содржат естроген.

shto-pretstavuva-migrenata-i-zoshto-e-pochesta-kaj-zhenite-03.jpg

Други причини за појава на мигрена

Иако експертите уште не знаат сè за ова заболување, јасно е дека генетиката, како и опкружувањето можат да имаат улога во појавата на мигрена. Исто така, причина може да биде и хормонална нерамнотежа од други хормони, како серотонин.

Ако една личност има мигрена, постојат неколку фактори што можат да ги „активираат“ симптомите. Веќе кажавме дека кај жените, активирањето најчесто настанува поради хормонални промени. Покрај тоа, стресот, пијалаците со алкохол и кофеин, промените на времето, одредени лекови и недостатокот од сонот исто така можат да ги активираат симптомите.

Покрај жените постојат и други групи луѓе изложени на поголем ризик од мигрена. Оние кои имаат членови од семејството со мигрена, можно е и самите да се соочат со нарушувањето. Влијание може да има и возраста. Односно, првите симптоми на мигрена најчесто се појавуваат во адолесценцијата.

shto-pretstavuva-migrenata-i-zoshto-e-pochesta-kaj-zhenite-04.jpg

Кои се најчестите симптоми и дали има лек зa мигрена?

Покрај главоболката, мигрената ја придружуваат и други симптоми. Во зависност од видот на мигрената, личноста може да чувствува замор и недостаток од енергија, хиперактивност, раздразливост, вкочанетост во вратот, проблеми со зборувањето, чувство на трнење во лицето, рацете и нозете, сувост во устата и повремени проблеми со видот.

Кога мигрената е најинтензивна, личноста може да чувствува зголемена чувствителност на светло и звук, гадење, вртоглавица, интензивна и/или пулсирачка болка во главата и повраќање.

После епизодата, некои луѓето чувствуваат и промени во расположението – од еуфорија, до апатија.

shto-pretstavuva-migrenata-i-zoshto-e-pochesta-kaj-zhenite-05.jpg

За жал, уште нема лек за мигрена, но лекарот може да ви помогне да се справите со симптомите и да ја намалите нивната појава. Исто така, лекарот може да ви помогне да го намалите интензитетот на симптомите.

Терапијата што ја одредува лекарот зависи од неколку фактори, како возраст, интензитет на симптоми, земање други лекови и слично.

Обично контролирањето на мигрената е комбинација од неколку третмани, вклучувајќи терапија со лекови, промени во животните навики и хормонална терапија.

shto-pretstavuva-migrenata-i-zoshto-e-pochesta-kaj-zhenite-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg