Неколку факти за кофеинот

nekolku-fakti-za-kofeinot-povekjeСите сме кафеџии, па затоа наведуваме некои податоци за кофеинот и неговото влијание на нашето здравје, кои можеби не им се познати на сите.

 
Дали некои производи за нега на кожата содржат кофеин?

nekolku-fakti-za-kofeinot

Производите против стареење на кожата содржат кофеин. Се покажало дека ја негуваат кожата и го намалуваат појавувањето на брчки.

Дали жените се поосетливи на кофеинот отколку мажите?

Неодамна една студија открила дека мажите се помалку осетливи отколку жените, но друга пак студија покажала дека тоа не е така во сите ситуации.  Истражувачите откриле дека кофеинот помалку го поднесуваат мажите од жените и тоа во стресни ситуации (како што е на пример работното опкружување).

Повозрасните се поосетливи на кофеин во споредба со помладите?

Повозрасните можат да бидат поосетливи на кофеин, затоа што ним им треба повеќе време за ресорпција на кофеинот.

Кофеинот може да ги прошири причините за анксиозност?

Според податоците на Американскиот национален институт за ментално здрвје, секој што страда од анксиозни пореметувања би требало да го избегнува кофеинот, затоа што може да ги влоши симптомите и да доведе до претерана грижа и напнатост.

Кофеинот може да ви помогне да се отрезните кога сте под дејство на алкохол?

Ова тврдење не е точно. Наспроти популарното верување, кофеинот не им помага на луѓето под дејство на алкохол да се отрезнат.

Дали поради диуретичното дејство, пијалоците со кофеин предизвикуваат дехидратација?

Пијалоците кои содржат кофеин генерално не допринесуваат кон дехидратација на организмот. На краток рок, кофеинот може да има благ диуретски ефект кај луѓето кои обично не консумираат кофеин, но тоа не е случај кај кафеџиите. Сите пијалоци, вклучувајќи ги и оние што содржат кофеин, помагаат во одржување на хидратацијата на организмот.

Поединци сметаат дека преголемите дози на кофеин можат да убијат?

Смртни случаи од преголема доза на кофеин се ретки, но кофеинот може да предизвика неправилна работа на срцето. Количината на кофеин која се смета како предозирање варира и зависи од тежината на човекот, староста и полот. Генерално, дози поголеми од 10 грама кофеин можат да бидат фатални за возрасните. Обичен филџан кафе има околу 115mg кофеин, така што би требало да се испијат повеќе од 85 филџани кафе, едно по друго, за да се испие 10 грама кофеин.

Дали Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја ограничува содржината на кофеин во „енергетските пијалоци?

ФДА ја ограничи содржината на кофеин во безалкохолните пијалоци на 71mg по филџан, но не постои ограничување на количината на кофеин во „енергетските пијалоци“. Некои енергетски пијалоци содржат повеќе од 100mg кофеин, а некои повеќе од 200mg кофеин.

Каде сè го има кофеинот?

Најпознат пијалок е кафето, но кофеинот го има и во други пијалоци. Да се потсетиме, тоа се : чајот (руски, црн, индиски), газираните пијалоци (кока-кола), чоколадите и енергетските пијалоци.

Би можело да ве интересира:

Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...
Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)? Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа ...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg