6 природни начини преку кои ќе го надоместите магнезиумот во вашето тело
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


6 природни начини преку кои ќе го надоместите магнезиумот во вашето тело

Магнезиумот е еден од 16-те минерали потребни на човечкото тело.

6-prirodni-nachini-preku-koi-kje-go-nadomestite-magneziumot-vo-vasheto-telo 01 630x330.jpg

Луѓето кои страдаат од несоница или треперење на нозете, најверојатно имаат помалку магнезиум во телото отколку што им треба.

Покрај тоа, магнезиумот може да биде намален при менструалниот циклус кај жените, кога луѓето се вознемирени, депресивни, имаат мигрена, страдаат од дијабетес тип 2 или висок крвен притисок, хронична дијареја или повраќање, како и воспаление на мускулите.

Жените треба да консумираат 310mg до 320mg магнезиум на ден, и 350mg до 360mg доколку се бремени, но дозата се одредува ИСКЛУЧИВО СО КОНСУЛТАЦИЈА СО ЛЕКАР.

Магнезиумот може да се компензира во форма на таблети, но исто така може да биде штетен доколку во исто време се користат лекови за висок крвен притисок или некои други антибиотици.

Затоа, најдобар начин е магнезиумот да го внесувате преку вашата исхрана и за сите дополнителни примени да се консултирате со стручно, медицинско лице. 

Во продолжение 6 природни начини преку кои ќе го надоместите магнезиумот во вашето тело:

Морска сол

Иако ова не е внес на магнезиум преку исхраната, може да ви помогне доколку страдате од несоница. Наполнете ја кадата со топла вода и истурете ја морската сол.

Легнете и опуштете се. Вашата кожа ќе биде натопена со овој раствор, кој има корисен ефект против воспалителните процеси и ги намалува отоците.

Лесниот сон после купката е загарантиран.

6-prirodni-nachini-preku-koi-kje-go-nadomestite-magneziumot-vo-vasheto-telo 02 630x420.jpg

Темнозелени листови

Спанаќот и кељот се богати со растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали како магнезиум. Maгнезиумот се крие и во останатите зелени зеленчукови плодови.

6-prirodni-nachini-preku-koi-kje-go-nadomestite-magneziumot-vo-vasheto-telo 03 630x378.jpg

Костенливо овошје и семиња

Семки од тиква, ореви, бразилски ореви, бадеми и ф'стаци се добри извори на магнезиум, кој помага при вознемиреност и депресија.

Тие исто така го подобруваат расположението бидејќи содржат протеини, растителни влакна, здрави масти и други хранливи материи.

6-prirodni-nachini-preku-koi-kje-go-nadomestite-magneziumot-vo-vasheto-telo 04 630x355.jpg

Овес

Една чаша овесна каша содржи 61mg магнезиум. Ако додадете малку семе и ореви на овој појадок, бројот ќе биде дополнително зголемен.

6-prirodni-nachini-preku-koi-kje-go-nadomestite-magneziumot-vo-vasheto-telo 05 630x420.jpg

Банана

Можеби најлесниот начин да добиете магнезиум е да јадете банана. Една банана содржи 32mg магнезиум.

6-prirodni-nachini-preku-koi-kje-go-nadomestite-magneziumot-vo-vasheto-telo 06 630x420.jpg

Темно чоколадо

Чоколадото, кое во себе содржи повеќе од 80 проценти какао, е богато со антиоксиданти. Исто така, содржи многу магнезиум.

6-prirodni-nachini-preku-koi-kje-go-nadomestite-magneziumot-vo-vasheto-telo 07 630x354.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 природни лекови против болки во стомакот Болките во стомакот знаат да бидат многу непријатни. Тие може да се појават ако ...
3 природни лекови кои ефикасно ја убиваат потребата за цигари Мачнини, нагон за повраќање и главоболки се само дел од симптомите кои може да с...
Според месецот во кој сте родени: На какви здравствени проблеми сте подложни? Според модерната наука, планетите немаат никакво влијание врз нашите животи. Но,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg