Есенска депресија – како да ја победите со храна и витамини?

Секоја година, со есента како да си доаѓа и есенската депресија проследена со меланхолија и желба за почест и подолг сон.

esenska-depresija-kako-da-ja-pobedite-so-hrana-i-vitamini-01.jpg

Како што природата запаѓа во зимски сон, сосема нормално е кај човекот да се јави тага, немр и депресија поради недостатокот на сонце, светлина и ден.

Како да си помогнете и со помош на храна и витамини да го победите падот на енергија?

Внесувајте паметни јаглехидрати. Сложените јаглехидрати го помагаат производството на серотонин, а се наоѓаат во житарките од цели зрна, како и мешунките. Но, не претерувајте.

Консумирајте го умерено кофеинот, кој во големи количини негативно влијае на нервниот систем. Во мали дози може да го подобри расположението, но во преголеми дози создава раздразливост, панични напади, несоница и главоболки.

esenska-depresija-kako-da-ja-pobedite-so-hrana-i-vitamini-02.jpg

Внесувајте повеќе фолна киселина и витамин Б преку консумирање на леќа, спанаќ, кељ, портокали, брокула и авокадо.

Поминувајте повеќе време надвор, но само додека е ден. Светлината има позитивно влијание на расположението. Користете го секој зрак сонце во сезоната на дождови.

Внесувајте витамин Д, а во консултација со доктор може да консумирате и како суплемент.

Не смеете да го заборавите и витаминот Ц, а од минералите – магнезиумот кој е добар против анксиозност и лошо расположение.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Марија Костовска за депресијата: „Посетив 2 психолога, но ми помогна молитвата и постот од 7 дена бе... „Јас посетив два психолога. Видов дека еден не ми помага, па реков ќе видам уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg