Како депресијата го „уништува“ вашето тело?

Кај луѓето со депресија се јавува зголемен крвен притисок и зголемено лачење на стрес хормонот кортизол, а ова може да предизвика сериозни проблеми со кардиоваскуларното здравје.

bolki-vo-grbot-dijabetes-shto-mu-pravi-depresijata-na-vasheto-telo-01.jpg

Депресијата е менталното нарушување и повеќето ја поврзуваат со лошо расположение. Но, оваа болест е многу повеќе од тоа. 

Додека лошото расположение е најизразениот симптом, лицата со депресија се соочуваат и со безнадежност, губење мотивација за сè, па дури и суицидни мисли.

Но, депресијата може да се карактеризира и со физички симптоми и ако не е лекувана може да биде причина за цела низа здравствени проблеми.

Погледнете кои се најчестите:

Проблеми со бубрезите

Иако се направени малку истражувања за ова, експертите сметаат дека депресијата може да има негативно влијание врз функцијата на бубрезите.

Досегашните истражувања покажале дека депресијата може да им ја влоши состојбата на луѓето кои веќе имаат проблеми со бубрезите, но и да ја намали нивната функција кај луѓе кои претходно немале проблеми со овие органи.

bolki-vo-grbot-dijabetes-8-zdravstveni-problemi-shto-gi-predizvikuva-depresijata-02.jpg

Проблеми со дигестивниот систем

Според истражувачите од Харвард, депресијата може да предизвика и проблеми со дигестивниот систем.

Најдена е поврзаност помеѓу менталното здравје и состојбата на дигестивниот систем, па депресијата може да предизвика болки во стомакот, подуеност, проблеми со варењето на храната, а некогаш и констипација и дијареја.

bolki-vo-grbot-dijabetes-8-zdravstveni-problemi-shto-gi-predizvikuva-depresijata-03.jpg

Дијабетес

Дијабетесот го зголемува ризикот од депресија, но важи и обратното – депресијата може да го зголеми ризикот од дијабетес. Истражување покажало дека жените со депресија имаат 17% поголеми шанси да развијат дијабетес.

Експертите нагласуваат дека не ја знаат точната поврзаност помеѓу двете, но сметаат дека намалената физичка активност и нездравата исхрана (кои се честа појава кај лицата со депресија) можат да бидат дел од причините.

Зголемен ризик од инфаркт

Кај лицата со депресија, крвниот притисок и срцебиењето се зголемуваат. Покрај тоа, во телото се лачи повеќе кортизол – познат и како стрес хормон – и некогаш има намален доток на крв до срцето.

Со текот на времето, сите овие фактори можат да предизвикаат проблеми со срцето, вклучувајќи и зголемен ризик од инфаркт

bolki-vo-grbot-dijabetes-8-zdravstveni-problemi-shto-gi-predizvikuva-depresijata-04.jpg

Проблеми со крвните садови

Слично како проблемите со срцето, кортизолот и високиот крвен притисок можат да имаат влијание и врз целиот кардиоваскуларен систем.

bolki-vo-grbot-dijabetes-8-zdravstveni-problemi-shto-gi-predizvikuva-depresijata-05.jpg

Болки во грбот

Болките во грбот неретко се поврзани со лошо држење на телото и недостатокот од физичка активност, но истражувањата покажале дека можат да бидат предизвикани и од депресија.

Иако се потребни уште истражувања, психолозите и психијатрите се убедени дека емоционалните проблеми предизвикуваат болки низ целото тело, а поновите истражувања покажуваат дека болките, особено во грбот, се чест симптом кај луѓето со депресија.

Проблеми со сеќавањето

Ова е проблем предизвикан од депресијата за кој би требало повеќе да се зборува. Депресивните луѓе имаат проблеми со концентрацијата и често чувствуваат конфузија.

Ова, пак, има влијание врз краткотрајната меморија, што значи луѓето со депресија често забораваат ситници како каде им се клучевите, што помислиле пред минута-две и слично.

Експертите нагласуваат дека депресијата нема влијание врз долготрајната меморија.

bolki-vo-grbot-dijabetes-8-zdravstveni-problemi-shto-gi-predizvikuva-depresijata-06.jpg

Артритис

Артритисот, како и секоја сериозна болест, може да го наруши менталното здравје и да предизвика депресија. Но, истражувањата покажуваат дека и депресијата може да биде причина за појава на артритис.

Покрај тоа, во неколку истражувања било забележано дека терапиите за артритис се помалку ефикасни кај лицата кои страдаат од депресија.

bolki-vo-grbot-dijabetes-8-zdravstveni-problemi-shto-gi-predizvikuva-depresijata-07.jpg

Депресијата е сериозно ментално нарушување кое има негативно влијание врз сите аспекти од животот. Ако не се третира, депресијата може да се влоши и, во крајни случаи, да резултира со суицидни мисли. 

Депресијата не е болест што можете да ја лекувате сами, па ако почувствувате и само еден симптом, задолжително побарајте професионална помош.

Имајте на ум дека со правилна терапија, можете да ги контролирате симптомите на депресија и со текот на времето да ја излечите. Всушност, речиси сите кои побарале професионална помош успеале да ја надминат депресијата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg