Што ќе ви се случува во телото, ако секој ден јадете пуканки?

Пуканки најчесто јадеме кога ќе отидеме во кино или кога ќе ни дојдат гости. Сами, без филм – ретко и да ни текне да испукаме.

sto-ke-vi-se-slucuva-vo-teloto-ako-sekoj-den-jadete-pukanki-001.jpg

Но, она што не сте го знаеле е какви промени може да направат обичните пуканки во телото, ако ги консумирате редoвно, односно секојдневно:

1. Ќе се решите од потешкотиите со одење во тоалет

Пуканките се богати со влакна и без многу масти, кога ги подготвувате сами, дома. Тоа може да ви го подобри системот за варење и да ви ги олесни потешкотиите со одење во тоалет.

sto-ke-vi-se-slucuva-vo-teloto-ako-sekoj-den-jadete-pukanki-01.jpg

2. Нема да бидете под толкав стрес

Грицкањето пуканки е како ментален тренинг. Пуканките го зголемуваат нивото на серотонин, односно го подобруваат расположението.

Психолозите советуваат да ги консумирате со кинески стапчиња како прибор за јадење, како би го извлекле максимумот од оваа анти-стрес терапија.

sto-ke-vi-se-slucuva-vo-teloto-ako-sekoj-den-jadete-pukanki-02.jpg

3. Може да ги зголемите шансите за плодност

Покрај тоа што се добра забава, пуканките може да ја подобрат шансата за плодност кај мажите, поради подобрување на циркулацијата низ целото тело. Секако, не се држете строго до ова, не постои гаранција дека може да делува така кај секого.

sto-ke-vi-se-slucuva-vo-teloto-ako-sekoj-den-jadete-pukanki-03.jpg

4. Ќе чувствувате полесни ПМС симптоми

Повторно, благодарение на серотонинот кој го опушта телото и го подобрува расположението, ПМС болките стануваат полесно подносливи.

Покрај тоа, пуканките подолго ве држат сити, а се со ниска калориска вредност.

sto-ke-vi-se-slucuva-vo-teloto-ako-sekoj-den-jadete-pukanki-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg