Студен зелен чај

studen-zelen-caj-povekjeЛето, жештина... Секако дека сте жедни по цел ден и дека се трудите, најдобро што знате да ја угаснете жедта. Со што ја гаснете жедта? Грешката...



...што многумина ја прават е таа што се обидуваат да ја згаснат жедта со газирани пијалоци.

Навистина газираните сокови имаат пријатен вкус, но не можат да ја угаснат жедта. За кратко време имате впечаток дека не сте жедни, но кога шекерот од ваквите напитоци (а го има многу) ќе ја врзе водата од вашиот организам – повторно сте жедни.

studen-zelen-caj

Дали ова значи дека не смеете да пиете газирани сокови? Не, но ограничете ја нивната употреба, а за гаснење на жедта користете нешто друго. Да речеме, студен зелен чај.

Тој е здрав и содржи антиоксиданси. Студениот чај пријатно ќе ве освежи, ќе ги штити вашите клетки и нема да им ја одземе влажноста.

Ќе си речете...кој ќе вари чај на оваа жештина? Добрата работа кај зелениот чај е што може да се подготви без варење.

Како? Многу едноставно. Во еден литар негазиана вода ставете три лажички чај и оставете го во фрижидер 10-12 часа.

Најдобро е тоа да го направите навечер – па така наутро ќе имате подготвен напиток (чајот вака подготвен може да стои неколку дена). Не е лошо пред да го пиете да му додадете и резанка лимон, тогаш ќе биде уште повкусен.

Вака подготвениот зелен чај нема силен вкус, а добра работа е и тоа што не се вари, па се задржуваат сите негови активни супстанци – се добива зелен чај во неговото најдобро и најздаво издание.

Уште нешто: бидејќи овој напиток не содржи теин, не предизвикува вознемиреност, па може да се пие и навечер. Тој ќе ви го прочисти организот и ќе ви помогне во одржувањето на телесната тежина.

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Десет знаци дека можеби имате недијагностициран проблем со срцето Отечените глуждови можат да бидат знак за проблеми со циркулацијата, додека болк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg