Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да носите панталони?

Панталоните можат да откријат какви трендови следите, па дури и каква работа работите. Со години наназад панталоните се дел од секој женски аутфит и кога сме во потрага по комоција – се потпираме на нив.

sto-ke-se-sluci-ako-prestanete-da-nosite-pantaloni-001.jpg

Но, изненадувачки се работите кои ќе се случат ако малку одморите од нив, односно ги замените со здолништа.

1. Ќе го избегнете влошувањето на целулитот

Експертите тврдат дека ако престанете да носите тесни панталони, посебно фармерки, може да го избегнете создавањето и таложењето на целулит, бидејќи циркулацијата во нозете ќе се врати во нормала.

sto-ke-se-sluci-ako-prestanete-da-nosite-pantaloni-01.jpg

2. Ќе се гледате со поинакви очи

Носењето панталони може да ве направи послаби отколку што реално сте. Успешно ги кријат проблематичните делови од телото, додека здолништето ќе ве натера да размислите дали треба да изедете парче торта плус или да се пуштите до теретана.

sto-ke-se-sluci-ako-prestanete-da-nosite-pantaloni-02.jpg

3. Органите во телото ќе бидат порелаксирани

Тесната облека, односно тесните панталони, колани и долна облека кои стегаат, може да го нарушат нормалното функционирање на внатрешните органи. Односно, прават голем притисок и им ја отежнуваат работата.

sto-ke-se-sluci-ako-prestanete-da-nosite-pantaloni-03.jpg

4. Телото помалку ќе ве чеша

Алергиските реакции предизвикани од триењето со разни материјали најчесто се појавуваат кога носите тесни панталони. Ако ги замените со здолништа, сите иритации ќе исчезнат.

sto-ke-se-sluci-ako-prestanete-da-nosite-pantaloni-04.jpg

5. Ќе го избегнете формирањето на акни по нозете и телото

Носењето тесни панталони може да ги надразни влакненцата на нозете при избивањето и може да создаде акни и поткожни влакна. Сето тоа ќе исчезне ако се откажете од нив барем на 1 месец.

sto-ke-se-sluci-ako-prestanete-da-nosite-pantaloni-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg