Лукот создава киселини, биберот го дразни стомакот – Лошата страна на некои од природните антибиотици

Лук, супа со многу црн бибер, мед... Ова се некои од народните лекови што вообичаено се користат против грип и настинка и во кои повозрасните се колнат дека го зајакнуваат имунитетот. Кои се „лошите“ страни на секој од овие природни антибиотици?

lukot-go-namaluva-krvniot-pritisok-biberot-go-drazni-stomakot-loshata-strana-na-nekoi-od-prirodnite-antibiotici-01.jpg

Последниве две години се чини дека постојана тема што се повторува е онаа за зајакнување на имунитетот, а освен витамините и минералите, голем број луѓе посегнуваат по народните лекови што се познати по своето лековито дејство.

Што треба да знаете пред следниот пат да ја „забиберите“ супата или да посегнете по цела глава лук:

Лук

Лукот е познат по своите антибиотски својства, а повозрасните дури веруваат дека треба да се јаде на гладно за да има поголем ефект.

Сепак, пред да посегнете по него треба да знаете дека тој го намалува крвниот притисок, заради што многумина со висок притисок го консумираат.

Но затоа, лукот не се препорачува за луѓето со низок крвен притисок, а со оглед на тоа што може да предизвика и киселини во желудникот не се препорачува и за луѓето што имаат проблем со чувствителен желудник.

lukot-go-namaluva-krvniot-pritisok-biberot-go-drazni-stomakot-loshata-strana-na-nekoi-od-prirodnite-antibiotici-02.jpeg

Црн бибер

Црниот бибер е полн со витамин Ц па затоа се препорачува да се внесува во секое јадење каде што тоа е возможно, но во мали количества.

Премногу црн бибер може да предизвика болки во стомакот, киселини во желудникот и проблеми со варењето.

lukot-go-namaluva-krvniot-pritisok-biberot-go-drazni-stomakot-loshata-strana-na-nekoi-od-prirodnite-antibiotici-04.jpeg

Мед

Медот е доста силен антиоксиданс, но некои луѓе може да имаат проблеми доколку го консумираат прекумерено.

Вообичаено се препорачува да се консумира по една лажичка мед дневно.

Со оглед на тоа што може да предизвика напад на жолчката, лицата што веќе имаат проблеми со овој орган, треба да го консумираат уште помалку и поретко.

lukot-go-namaluva-krvniot-pritisok-biberot-go-drazni-stomakot-loshata-strana-na-nekoi-od-prirodnite-antibiotici-03.jpeg

Риба

Познато е правилото дека барем еднаш до двапати неделно во исхраната треба да имате и риба, затоа што е мошне здрава и го зајакнува имунитетот во организмот.

Сепак, мора да имате предвид дека рибата е полна со алергени, па по секое консумирање на ваков оброк треба да внимавате и на алергиска реакција, особено кај децата.

lukot-go-namaluva-krvniot-pritisok-biberot-go-drazni-stomakot-loshata-strana-na-nekoi-od-prirodnite-antibiotici-05.jpeg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Pexels.com

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg