Често се будите со главоболка? 4 главни причини за утринска мигрена

Нема ништо полошо од тоа да се разбудите со главоболка. Ова не само што означува лош почеток на денот, но може да биде и знак за потенцијални здравствени проблеми.

Cetiri-glavni-pricini-za-utrinska-migrena-01.jpg

Доколку се будите со досадна, остра или мачна болка, таа може да ве исцрпи уште на почетокот на денот. Постојат неколку причини зошто главоболките се појавуваат наутро.

Некои луѓе имаат краткотрајни главоболки по будењето, додека други пак ја чувствуваат главоболката со часови.

Кои се главните причини за утринска мигрена?

Лош сон

Несоницата може да биде поттик за главоболка. Откриена е јасна врска помеѓу лишувањето од сон и мигрената, како и главоболката поради напнатост.

Недостатокот на сон го намалува прагот на болка, што ги прави луѓето почувствителни на главоболки.

Дехидрираност

Доколку не пиете доволно вода, може да се разбудите со главоболка. Дехидратацијата предизвикува главоболки кои можат да бидат релативно благи или во потешка форма на мигрена.

Дехидратацијата влијае на секој дел од телото, вклучувајќи го и мозокот. Пијте многу течности за да ги избегнете утринските главоболки.

Апнеја или ’рчење

Нарушениот сон предизвикан од ’рчењето или апнеја исто така може да биде извор на главоболки по будењето. Сепак, главоболката поврзана со апнеја трае помалку од 30 минути.

Мамурлак

Мамурлакот може да биде сериозна причина за утрински главоболки. Големите количини на алкохол може да доведат до главоболки рано наутро, еден од главните симптоми на мамурлакот.

Напомена: Доколку имате проблеми со чести утрински главоболки, најважното нешто што треба да го направите е да посетите лекар. Во последно време, главоболките се актуелни и кај ковид, па најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg