Дали сум во менопауза, зошто имам проблеми со ерекцијата – докторка одговара на најчестите прашања од пациентите

„Како да ја одберам најдобрата контрацепција?“

Во овој случај не постои еден одговор бидејќи, како што вели доктор Зои, секоја жена е различна.

Најдобро е да разговарате за различните опции со вашиот гинеколог и тој ќе ви помогне да одберете што е најдобро за вас.

Докторката советува да бидете отворени и со партнерот кога станува збор за контрацепција, но и да не се плашите да се консултирате со експерт ако забележите некои невообичаени симптоми.

Потребни се приближно три месеци за телото да се адаптира на нов вид контрацепција, па најдобро тој период водете си дневник со симптоми кои ќе можете да ги споредувате.

kako-da-znam-dali-sum-vo-menopauza-zoshto-imam-problemi-so-erekcijata-doktorka-odgovara-na-najchesto-postavuvani-prashanja-od-pacientite-06.jpg

„Ме боли лавата, дали имам тумор на мозокот?“

Доктор Зои нагласува дека иако многу луѓе ѝ го поставуваат ова прашање, вистинска реткост е туморот на мозокот да се карактеризира со главоболка.

Според неа, ако главоболката се засилува во текот на денот, најверојатно причината е стрес.

Ако главоболката е интензивна уште наутро, најдобро е да одите на лекар и да не си поставувате дијагноза сами. Некои од почестите причини за „утринска“ главоболка се апнеја и бруксизам, односно триење на забите.

kako-da-znam-dali-sum-vo-menopauza-zoshto-imam-problemi-so-erekcijata-doktorka-odgovara-na-najchesto-postavuvani-prashanja-od-pacientite-07.jpg

„Дали антибиотиците ќе ми помогнат да ја излекувам настинката?“

Доктор Зои вели дека редовно ѝ бараат антибиотици за настинка, но нагласува дека овие лекови не се за вирусни, туку за бактериски инфекции. Антибиотиците, едноставно, не се воопшто ефикасни против вируси.

Но, бидејќи многу луѓе пијат антибиотици на своја рака, веќе се јавува сериозен глобален проблем – отпорност на овој лек.

Според СЗО, ова може да биде една од најголемите закани за јавното здравје бидејќи претераното и непотребното користење антибиотици им помага на бактериите да мутираат и со тоа да станат отпорни на терапијата.

Доктор Зои вели дека ако пациентот има некоја хронична болест, како астма, и постои ризик за секундарна, бактериска инфекција, дури тогаш може да препишат антибиотик.

Во спротивно, за генерално здравите луѓе, најдобро е да почекаат настинката да помине сама, со други препишани лекарства за олеснување на симптомите.

kako-da-znam-dali-sum-vo-menopauza-zoshto-imam-problemi-so-erekcijata-doktorka-odgovara-na-najchesto-postavuvani-prashanja-od-pacientite-08.jpg

„После јадење ми се дуе стомакот, дали имам алергија на храна?“

Докторката открива дека многу луѓе имаат алергии – од алергија на храна и животни, до алергија на прашина.

Во случај да се сомневате дека и вие имате алергија, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. Тој ќе ве праша за симптомите што ги чувствувате и може да ви направи тест.

Ако сметате дека имате алергија на одредена храна, Зои советува извесен период да ја исфрлите од исхраната и да забележите дали подуеноста ќе продолжи да се појавува.

Ако симптомите престанат, пробајте постепено повторно да ја воведе храната во исхраната за да воочите дали повторно ќе се јави подуеноста.

Во секој случај, консултацијата со лекар е најдоброто нешто што можете да го направите.

kako-da-znam-dali-sum-vo-menopauza-zoshto-imam-problemi-so-erekcijata-doktorka-odgovara-na-najchesto-postavuvani-prashanja-od-pacientite-09.jpg

Напомена: Не значи дека причина за вашиот проблем е секогаш и во секој случај она што докторката го кажува, па доколку имате промени во здравствената состојба, консултирајте се со вашиот лекар. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg