Тесните фармерки се омиленото парче облека на жените, но кога не смеете да ги носите?

Тесните фармерки може да предизвикаат влошување на некои здравствени проблеми, а медицината има и посебен термин за болката што може да биде предизвикана од нивното постојано носење.

tesnite-farmerki-se-omilenoto-parche-obleka-megju-zhenite-koga-ne-smeete-da-gi-nosite-01.jpg

Секоја жена има барем по еден пар тесни фармерки во гардероберот што обожава да ги носи.

Тие прават да се чувствуваме помладо, го истакнуваат телото и во нив се чувствуваме опуштено.

tesnite-farmerki-se-omilenoto-parche-obleka-megju-zhenite-koga-ne-smeete-da-gi-nosite-02.jpg

Често се говори дека тесните фармерки може да му наштетат на здравјето и дека не се препорачува да се носат секој ден, а во продолжение проследете во кои случаи воопшто не треба да носите тесни фармерки:

Ако имате кандида

Кога имате инфекција со кандида се препорачува да избегнувате да носите каква било тесна и синтетичка облека: хеланки, хулахопки и тесни фармерки или пантолони.

Сами по себе фармерките не ја предизвикуваат инфекцијата, но не помагаат за да се ослободите од симптомите и не го олеснуваат лекувањето. Додека се справувате со ваква инфекција, најдобро е да заборавите на ова парче облека некој период.

tesnite-farmerki-se-omilenoto-parche-obleka-megju-zhenite-koga-ne-smeete-da-gi-nosite-03.jpg

Ако имате циститис (Акутно воспаление на мочниот меур)

Доколку се справувате со акутно воспаление на мочниот меур, односно циститис, исто така некој период ќе треба да заборавите на тесната облека, односно на тесните фармерки.

Тесните фармерки го ограничуваат пределот околу препоните, не му дозволуваат на телото „да дише“ и создаваат плодна почва за понатамошен развој на бактерии.

tesnite-farmerki-se-omilenoto-parche-obleka-megju-zhenite-koga-ne-smeete-da-gi-nosite-04.jpg

Прочитајте и Секојдневни парчиња облека кои влијаат штетно на здравјето

Ако имате проширени вени

Доколку имате проблеми со проширени вени, тогаш треба да заборавите на тесната облека и на тесните фармерки.

Нема информации дека тесните фармерки може да предизвикаат проширени вени, но поради тоа што го притискаат телото во пределот на абдоменот и ја попречуваат циркулацијата на крвта во телото се смета дека може уште повеќе да ја влоши состојбата доколку веќе имате ваков здравствен проблем.

tesnite-farmerki-se-omilenoto-parche-obleka-megju-zhenite-koga-ne-smeete-da-gi-nosite-05.jpg

Ако чувствувате болки во колковите додека се движите

Светските медицински лица го употребуваат терминот „невропатија од тесни фармерки“ за да ја опишат состојбата на болка во колковите која се јавува поради големиот притисок на нервите во телото што се сместени во пределот од препоните до бутовите.

Се смета дека болката се губи веднаш штом ќе престанете да ги носите тесните фармерки.

Доколку немате ниту еден од наведените здравствени проблеми, добро би било да се придржувате до правилото тесните фармерки да не ги носите повеќе од трипати неделно.

tesnite-farmerki-se-omilenoto-parche-obleka-megju-zhenite-koga-ne-smeete-da-gi-nosite-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg