Летна исхрана за добра линија

letna-ishrana-za-dobra-linija-povekjeПрехраната во лето поради својот вкус, мирис и боја е привлечна за око, помалку е калорична од зимската храна и далеку поздрава. Лесна е, освежителна...


...разновидна, полна со витамини, минерали, антиоксиданси и влакна.

За време на жешките летни денови важна е прехраната која на организмот му дава потребна енергија и не го оптоварува метаболизмот. За разлика од студените зимски денови, тешката храна сега не доаѓа во предвид.

Се префрламе на лесни оброци и чинии полни со овошје, зеленчук, риба, салата... Покрај тоа, немојте да заборавите да внесувате и доволна количина вода.

Овошје

letna-ishrana-za-dobra-linija

Иако овошјето е одлично за секој период на годината, во лето ни е особено омилено. Како идеално освежување, јадете лубеница, таа има малку калории, богата е со витамин Ц, хидратизира и делува против запек.

Мангото, покрај своите витамини А, Б, Ц, Е и К, богат е и со калиум, додека во кората има влакна кои помагаат за регулација на варењето.

Сливата како овошје е позната уште од стариот век, богата е со бета-каротин, витамин Ц и Е,  помага за снижување на холестеролот, при тешкотии со концентрацијата и немир, го јакне имунитетот и срцето, а го чисти и организмот.

Смоквата е одличен избор доколку сакате да ослабите, содржи голема количина вода и природни шеќери, а нејзините влакна се добри за дебелото црево.

Зеленчук

Сезона е на пиперки, патлиџани, тиквички, краставици, зелена салата, модар патлиџан, грашок, морков, брокула, млад компир.

Доматот добро делува на срцето, го регулира варењето, го снижува крвниот притисок. Богат е со калиум, а најбогат е со бакар. Железо има повеќе од пилешкото месо, рибата и млекото. Неговите плодови се користат во подготовка на салата, прилози или сосови, а можат да се пржат, обарат и полнат.

Пиперката како зеленчук е одличен извор на витамини, го поттикнува лачењето на соковите за варење, отвора апетит и го подобрува варењето. Може да се подготви на разни начини затоа што ниту еден не е погрешен – свежа, потпечен, полнета.

Тиквичките се неизоставен дел од летната исхрана – можат да се подготват на сто начини. Содржат голема количина вода, а го штитат и кардиоваскуларниот систем од артериосклероза, штитат од срцев и мозочен удар. Содржат магнезиум и калиум со што влијаат на редукцијата на крвниот притисок.

Краставичките со своите 95% вода содржат и многу минерали, калиум, калциум, фосфор, натриум, железо, а најмногу витамин Ц.

Протеини и житарици

Освен спомнатото овошје и зеленчук, во лето е идеално да се јаде пилешко месо, месо од ќурка, риба, зеленчукови крем супи, салати, житарици.

Обидете се денот да го започнете со овошје  - тоа е добро за детоксикација на организмот. Исто така немојте да заборавите на свежите исцедени сокови од сезонски продукти.

Летото со своите производи е навистина одлично годишно време затоа што имате можност да консумирате разновидна исхрана со што ја корегирате не само својата тежина, туку и здравствената состојба.

Покрај сето тоа, обидете се да го намалите внесувањето на шеќер, консумирајте помалку алкохол, пијте доволно течности. Избегнувајте мрсна и тешка храна и немојте да заборавите – клучна е разновидноста на исхраната!

Би можело да ве интересира:

Пет симптоми кои можат да бидат знак за проблеми со плодноста (и кога да одите на лекар) Нередовните менструации обично значат и нередовна овулација, а ова може значител...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg