Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Е

Повеќето луѓе не страдаат од недостаток на овој витамин. Но, тој обично се јавува кај оние кои не можат да ги апсорбираат хранливите материи од храната, како што се луѓето кои страдаат од Кронова болест или цистична фиброза.

Znaci-deka-na-teloto-mu-nedostasuva-vitamin-E-01.jpg

Но, според лекарите, доколку имате недостаток на витамин Е, постојат клучни симптоми на кои треба да им обрнете внимание:

Слабост

Ако не внесувате доволно витамин Е, вашите мускули страдаат од оксидативен стрес, што доведува до слабост.

Вкочанетост

Недостатокот на витамин Е може да предизвика периферна невропатија, односно вкочанетост на рацете и нозете.

Проблеми со координација

Друг несакан ефект од недостаток на витамин Е во телото е лошата координација. Имено, недостатокот на овој витамин може да доведе до разградување на одредени неврони во мозокот кои се клучни за контрола на движењето.

Оштетување на видот

Светлосните рецептори во мозокот може да се оштетат ако не внесувате доволно витамин Е преку храната. Ова може да доведе до оштетување на видот со текот на времето, најчесто до заматување.

Ослабен имунитет

Кога имунолошкиот систем не функционира правилно, на телото му станува потешко да се бори против инфекции и болести. Витаминот Е е клучен за помагање на имунолошкиот систем, бидејќи го поддржува растот на Т-клетките кои помагаат во борбата против инфекциите.

Па, како да внесете повеќе витамин Е во телото преку исхраната?

Витамин Е претставува антиоксиданс одговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи и кожа.

Храна богата со витамин Е вклучува: ореви, кикиритки, житарици, зрна од соја, грав, јајца, ладно цедените масла, како и одредено овошје и зеленчук - авокадо, грозје, праски, брокула, домати, капини.

Свежите, необработени хранливи продукти се најбогати со витамин Е.

Бидејќи витаминот Е е растворлив во масти, потребно е да се зема во присуство на масти за негова правилна апсорпција.

Свежите, необработени хранливи продукти се најбогати со витамин Е.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg