7 работи кои може да ги додадете во кафето и да го подобрите вашето здравје

На љубителите на кафе навистина не им треба причина да му се препуштат на уживањето во својот омилен пијалак. Во случај да сакате да ја оправдате таа една шолја плус во денот, можеби е добро да размислите како да ја направите покорисна за вашето здравје.

7-raboti-koi-moze-da-gi-dodadete-vo-kafeto-01.jpg

Некои од нив се речиси природна и очекувана комбинација која оди со кафе, а некои можеби никогаш не ви паднале на памет.

Прочитајте како може да го направите кафето уште поздраво, но и повкусно:

Колаген

Колагенот е состојка која e задолжителна доколку сакаме да ја подобриме состојбата на косата, кожата и ноктите. Колагенот е и лесен начин да вклучите повеќе протеини во исхраната.

Колагенскиот прав нема вкус и е целосно растворлив, па нема да го почувствувате во вашето кафе, што е одлично доколку не сакате да го промените вкусот на омилениот пијалак.

Цимет

Додавањето на цимет во кафето не е ништо ново, но е вкусно и здраво. Некои истражувања покажуваат дека циметот има антимикробни својства и е полн со антиоксиданти, може да го намали шеќерот во крвта, да ја подобри функцијата на мозокот и да го помогне варењето.

Путер

Кафето со путер или кокосово масло всушност може да биде многу здраво, благодарение на антиоксидантите и омега-3 масните киселини кои го одржуваат нивото на енергија во текот на денот, и ја регулираат желбата за слатки.

Какао

Познато е дека какаото е богато со антиоксиданти кои можат да ги намалат воспалителните процеси и да ја подобрат функцијата на мозокот. И, не само што има здравствени придобивки, туку е и толку вкусен – совршен за домашна верзија на кафе мока.

Куркума

Можеби ќе ви изгледа чудно, но познатиот жолт зачин со право може да се најде во вашето кафе. Куркумата содржи соединение наречено куркумин, кое е познато по своите антивоспалителни својства и способност да ја ублажува болката. Исто така, куркумата е полна со антиоксиданти.

Суров природен мед

Медот е полн со витамини и минерали, антиоксиданти и хранливи материи. Доколку страдате од сезонски алергии, суровиот мед многу ќе ви помогне, особено ако е домашен и органски.

Екстракт од ванила

Природниот екстракт од ванила содржи моќни антиоксиданти и може да има антивоспалително дејство. Освен што му дава интересен вкус на кафето, екстрактот од ванила обезбедува и доза на потребните минерали, како магнезиум и калиум.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg