„На 26 години ми дијагностицираа синдром на повеќекратна личност - како е да се живее со 50 идентитети во едно тело?“

Се смета дека причината за ова растројство најчесто е заради тешки трауми од раното детство, како повторувано сексуално, емоционално или физичко насилство. Мел Лоџ (30) имала само 4 години кога првпат пројавила симптоми на Синдром на дисоцијативно растројство на идентитетот, но официјална дијагноза добила многу подоцна. Таа го пренесува своето искуство за тоа како во неа „живеат“ и Зара и Ана и Клое и Данаил и низа други идентитети...

na-26-godini-mi-dijagnosticiraa-sindrom-na-povekjekratna-lichnost-sindrom-na-povekjekratna-lichnost-kako-e-da-se-zhivee-so-50-identiteti-01.jpg

Мел Лоџ (30) имала само 4 години кога првпат пројавила симптоми на Синдром на дисоцијативно растројство на идентитетот – психичка состојба која се карактеризира со присуство на два или повеќе различни идентитети во една личност, најчесто формирани како резултат на траума.

Таа денес има 50 идентитети и вели дека телото го дели со 50 уникатни „делови“.

na-26-godini-mi-dijagnosticiraa-sindrom-na-povekjekratna-lichnost-sindrom-na-povekjekratna-lichnost-kako-e-da-se-zhivee-so-50-identiteti-04.jpg

Поранешната професорка по балет вели дека секој ден нејзините „делови“ ја преземаат контролата врз нејзиното тело од 5 до 20 пати на ден.

Оваа состојба е позната и како синдром на повеќекратна личност. Станува збор за ретко ментално нарушување кое се карактеризира со тоа што личноста поседува најмалку два различни идентитети кои наизменично го контролираат нејзиното однесување, но не се поврзани еден со друг.

Се смета дека причината за ова растројство најчесто е заради тешки трауми од раното детство, како повторувано сексуално, емоционално или физичко насилство. Личноста може да поседува и над 50 идентитети.

На новинарско прашање за магазинот Metro, за нејзината состојба Мел одговарала како еден од нејзините идентитети, односно како 18-годишната Зара.

„Добиваме коментари од луѓе дека оваа состојба е ретка и не можеме да ја имаме, но тоа нè фрустрира затоа што состојбата не е толку ретка колку што мислат.

Исто така нè нервира што веднаш претпоставуваат дека сме насилни, страшни и правиме криминал, но тоа е само затоа што тоа го гледале во филмовите.

Тешко им е да сфатат дека не е толку драматично како во филмовите.“

Кога нов идентитет презема контрола над телото на Мел таа искусува краток период на збунетост, непријатност, а понекогаш дури и губење на свеста.

„Ретко, но се случува дури и кога зборувам со некој пријател тој да каже нешто и тоа нешто да биде тригер за нов идентитет да се појави на површината.“

na-26-godini-mi-dijagnosticiraa-sindrom-na-povekjekratna-lichnost-sindrom-na-povekjekratna-lichnost-kako-e-da-se-zhivee-so-50-identiteti-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg