Со самодоверба до витко тело

so-samodoverba-do-vitko-telo-povekjeПребирливоста околу храната често пати се интерпретира како ароганција, а многу луѓе и се плашат да бидат поинакви – голема грешка. Посакувате ли да имате...


...храброст да влезете во чипкаст долен веш како Лејди Гага, или би сакале да имате алтер его како Бјонсе?

Нутриционистката Мариса Пер објаснува како малите промени во животот, како што е избегнување на одредени јадења, бара самодоверба која многумина ја немаат.

На многумина им е тешко да ја одбијат храната во друштво и да речат дека не сакаат пржени компирчиња и сирење.

Пребирањето на храната често се интерпретира како ароганција. Луѓето се поврзуваат на темелот на сличноста и затоа ако нешто во вас буди чувство на различност истовремено предизвикува и чувство на несигурност. Нарачувањето на салата наместо пица, може да ги вознемири некои луѓе затоа што не се однесуваат како другите“ - објаснува нутриционистката Пер, напомнувајќи дека недостатокот на самодоверба е последица од стравот да бидеме поинакви.

Негативните емоции можат да бидат посилни од желбата за вежбање

Погледнете околу себе. Повеќето луѓе кои ги гледате веројатно биле на диета – па зошто вие би се чувствувале потценето поради своите одлуки? Самодовербата и во телесна и во психичка смисла е неопходна ако сакате да ги промените своите прехрамбени навики. Намалувањето на тежина и телесната активност ќе направат да изгледате и да се чувствувате подобро.

so-samodoverba-do-vitko-telo

Кога се чувствувате подобро и кога сте задоволни со изгледот, автоматски ќе ви се зголеми самодовербата. Кога ќе дојдете до таа точка, тоа треба да се претвори во начин на живот.

Но, морате самите да се поттикнувате: „Со цел да ја одржите новооткриената самодоверба морате да зборувате сами со себе. Гледајте на тоа како на примање повратна информација. Вашето тело сака да изгледа убаво па затоа направете паметен избор, но исто така морате и да го истренирате мозокот да им одолее на искушенијата. Умот реагира на емоциите – автоматски го привлекува уживањето, а го одвраќа болката“ – објаснува Пер.

Придвижете се и пронајдете мотивација за вежбање

Ако сте депресивни, умот веднаш ќе ви испрати сигнал да ја земете најблиската крофна затоа што таа, на пример ве потсетува на детството за кое имате пријатни спомени поврзани со сигурноста која тогаш сте ја имале. Одолејте му на искушението. Со поставувањето на реални цели ќе ја елиминирате потребата од нездрава храна. Постојаната комуникација со телото и умот е најважна. Градењето на самодоверба е клучна ако сакате да слушнете што сака вашето тело, а не вашиот ум. Еднаш кога ќе дојдете до таа точка малку е веројатно дека во догледно време ќе посегнете по чоколадо.

Тело секогаш во форма

Важно е да научите и да слушате. Успешните луѓе имаат една заедничка особина, а тоа е способноста за одложување на сопственото наградување. Сопственото навикнување да одите во теретана еден час пред да изедете некој колач е фантастична вештина во споредба со консумирањето на цела кеса бисквити додека лежите на каучот.

Прифаќањето на фактот дека на вашето тело повремено му е потребен по некој бисквит и колач не треба да е тешко да се разбере, но со одложувањето на „наградата“ ќе имате поголема контрола и над умот и над телото. Уште посилно ќе работите за наградата која сакате да си ја дозволите.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете дали имате депресија и како можете да си помогнете? Депресијата е нарушување кое предизвикува чувства на очај, тага и безнадежност и...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...
Отечени зглобови и уште 5 знаци дека јадете многу сол (и зошто треба да намалите) Покрај отоците на зглобовите, лицето и дланките, и дигестивните проблеми можат д...
Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно? Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg