5 факти што докажуваат дека плачењето е добро за вашето здравје

Покрај тоа што прави да се чувствуваме подобро, плачењето може да ја намали физичката болка, а се верува и дека може да го прочисти телото од токсини.

5-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-plachenjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Иако за многумина плачењето сè уште е тешко прифатливо, факт е дека ова е сосема нормална реакција кај луѓето.

Не мора да ви кажуваме дека по плачење секогаш ќе се чувствувате подобро, но знаевте ли дека од плачењето има и други здравствени придобивки?

Неколку факти што го докажуваат тоа:

Постојат три вида солзи

Знаевте ли дека постојат три (основни) вида солзи и сите имаат различен состав?

Солзите се составени од 99% вода, а имаат и други состојки како сол, белковини, гликоза и аминокиселини. А, поради хемискиот состав, тие имаат и антибактериско дејство.

Првиот вид солзи е познат и како базален. Ова се всушност солзите што се лачат речиси постојано и го подмачкуваат нашето око. Базалните солзи го штитат окото од сушење и го „чистат“ од малите честички прашина кои влегуваат во него.

Вториот вид се емоционалните солзи. Како што кажува самото име, ова се солзите кои се лачат поради некоја емоција, без разлика дали среќа, тага, стрес или нешто друго.

Интересно е што луѓето се единствени познати живи суштества кои имаат емоционални солзи. Се верува дека можеби горилата и слоновите ја имаат оваа способност, но потребни се дополнителни истражувања.

Третиот вид се таканаречените рефлексни солзи. Нивната улога е слична како на базалните, но разликата е што рефлексните солзи се лачат во многу поголемо количество.

На пример, ако сте изложени на чад или во окото ви влезе нешто поголемо, ќе почнат да ви течат повеќе солзи – ова се всушснот рефлексни солзи.

5-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-plachenjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-02.jpg

Плачењето ослободува ендорфини и го подобрува расположението

Ако плачете подолг период, вашиот мозок ќе почне да ослободува ендорфини – хормони кои ни го подобруваат расположението.

Што значи, со плачењето вие му давате знак на организмот дека не се чувствувате добро, па тој веднаш почнува да лачи ендорфини за да го промени тоа.

5-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-plachenjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-05.jpg

Плачењето ја намалува болката – и физичката, и емоционалната

Бидејќи го поттикнува ослободувањето на ендорфини, плачењето може да ви помогне полесно да се справите со емоционалната болка.

Исто така, ендорфините можат да ја намалат и физичката болка. Веројатно поради ова повеќето луѓе чувствуваат нагон за плачење кога се изложени на силна болка.

5-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-plachenjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-04.jpg

Плачењето го прочистува телото

Во составот на солзите влегуваат и некои стрес хормони и токсини. Поради ова, експертите веруваат дека со плачењето се ослободуваме од нив.

Иако се потребни дополнителни истражувања на оваа тема, јасно е дека по плачење сите се чувствуваме подобро.

5-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-plachenjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-03.jpg

Плачењето ја враќа емоционалната рамнотежа

Луѓето не плачат само кога се тажни – туку и кога се среќни, возбудени, исплашени, под стрес…

Според истражување од Универзитетот Јејл, плачењето може да ја врати емоционалната рамнотежа.

Односно, ако сте премногу тажни или возбудени или под стрес, плачењето помага да ја регулирате силната емоција и да ја вратите рамнотежата.

5-fakti-shto-dokazhuvaat-deka-plachenjeto-e-dobro-za-vasheto-zdravje-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека имате високо ниво на стрес-хормони во организмот (и како да го намалите) Дебелењето, особено во областа на лицето и стомакот, е чест симптом дека во ваше...
5 работи што гинеколозите сакаат да ги знаете Не им е важно дали имате влакна, вагиналниот исцедок е нормален и многу е важно ...
Нагазивте на морски еж? Детално упатство за прва помош Имајте предвид дека најдобро е боцките да ги отстрани медицинско лице, затоа што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg