Експерт објаснува: Зошто никогаш не треба да спиете на стомак? (видео)

Спиењето на стомак може да предизвика многу проблеми подоцна во животот, како болки во вратот, грбот, па дури и нозете.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-spiete-na-stomak-spored-ekspert-video-01.jpg

Иако сите многупати сме слушнале дека спиењето на грб е најдобро за нас, факт е дека голем број луѓе спијат на стомак.

Но, изгледа дека спиењето на стомак може да биде причина за многу проблеми.

Џејмс Леинхарт е експерт за правилно држење на телото и сопственик на бренд за душеци и перници чиј главен фокус е здравјето на грбот и вратот.

На неговиот ТикТок профил тој редовно споделува совети и трикови за спиење со кои ќе се избегнат честите проблеми, како вкочанетост.

Дефинитвно, едни од најпопуларните видеа на неговиот профил се оние во коишто објаснува зошто спиењето на стомак е лошо за нас, a имаат милиони прегледи. 

Во видеата има и модел кој носи костим на кој се обележани човечките мускули, со цел полесно да го сфатиме проблемот.

Џејмс вели дека ако секоја вечер спиеме на стомак, кога ќе стигнеме одредена возраст, ќе почнеме да чувствуваме болки во вратот, колковите, рамената, па дури и нозете.

@levitex

Is this your favourite sleeping position? ?

♬ original sound - levitex

Во друго видео, тој појаснува зошто се јавуваат болките во нозете од оваа положба на спиење.

Причината е истегнувањето на мускулите на нозете. Односно, кога спиеме на стомак, овие мускули се истегнати неколку часови, а оваа положба не е воопшто природна за нив.

Болките во вратот, пак, се јавуваат бидејќи кога спиеме на стомак, главата ни е свртена само на едната страна. Па, со текот на времето ќе почнеме да чувствуваме вкочанетост.

@levitex

@ stomach sleepers

♬ original sound - levitex

Во друго видео, Џејмс вели дека кога спиеме на стомак, страда и нашиот грб бидејќи не е во правилна положба.

Тој советува наместо на стомак, да пробате да спиете легнати на страна, со перница меѓу нозете – на овој начин грбот ќе биде исправен и ќе ги избегнете проблемите.

@levitex

@ you

♬ original sound - levitex

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg