Акупунктура и неплодност - дали помага, колку и како?

За многу жени и мажи, неплодноста може да биде резултат на хормонална нерамнотежа или стрес. Акупунктурата е практика со која се враќа рамнотежата, се намалува стресот, а со тоа се подобруваат целокупното здравје и благосостојбата. 

akupunktura-i-neplodnost-dali-pomaga-kolku-i-kako-01.png

Акупунктурата вклучува вметнување на многу тенки, стерилни игли во стратешките точки во вашето тело, наречени точки за акупунктура.

Се верува дека стимулирањето на овие точки, или патишта, ја коригира секоја нерамнотежа во енергијата на телото.

Истражувањата покажале дека акупунктурата може да помогне при:

  • Менструални болки
  • Болки во грбот и вратот
  • Главоболки и мигрени
  • Намалување на стресот и анксиозноста 
  • Подобрување на квалитетот на семената течност
  • Подобрување на шансите за бременост кај жени подложени на асистирано оплодување

Исто така, постојат докази дека акупунктурата може да помогне при некои медицински состојби кои влијаат на плодноста, како што се синдромот на полицистични јајници, ендометриоза и фиброиди.

Но, најголемата придобивка може да биде нејзиниот ефект врз стресот и анксиозноста.

akupunktura-i-neplodnost-dali-pomaga-kolku-i-kako-02.png

Акупунктура за време на третман на плодност

Додека некои истражувања не нашле поврзаност помеѓу акупунктурата и зголемената шанса за забременување, изгледа побројни се оние кои го тврдат спротивното.

Според истражувањата, акупнктурата може да ја зголеми шансата за забременување со асистирано оплодоување, доколку се администрира во сите фази на оплодувањето, а не само околу времето на трансфер на ембрионот.

Во многу случаи, третманот со акупунктура можеби ќе треба да се започне најмалку два до три месеци пред да се започне медицински третман за неплодност.

Тоа е затоа што на фоликулите на јајниците и на јајцеклетките во нив им треба повеќе од една година за да се развијат, а за спермата се потребни околу два месеца за да се произведе. Овој третман можеби ќе треба да се продолжи во сите фази на асистираното оплодувањето и во раната бременост.

akupunktura-i-neplodnost-dali-pomaga-kolku-i-kako-04.png

Дали има некакви ризици од правење акупунктура кога се обидувате да забремените? 

Оваа практика е обично безбедна, но важно е да побарате сертифициран и лиценциран професионалец кој е запознаен со грижата за неплодност.

Прашајте го вашиот репродуктивен ендокринолог дали тој/таа може да ве упати кај некого.

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg