Слабејте без диета

slabejte-bez-dieta-povekjeКолку подолго ја џвакате храната, ќе имате помалку проблеми со килограмите. Ова е резултат на најновото истражување на светските научници...


...кои упорно се обидуваат да смислат идеална комбинација како да се дојде до идеална линија.

Издвојуваме неколку корисни совети како да слабеете без диета:

Препржената или преварената храна не е добро термички обработена, вкусот и хранливиот состав на намирницата се менува, па организмот не е задоволен со внесеното и бара уште. Обрнете внимание како ги подготвувате намирниците. Не јадете по осум часот навечер.

Концентрирајте се на џвакање

Кога долго ја грицкате храната, внесувате помалку калории. Студијата покажала дека оние што го џвакаат залакот 40 пати, внесуваат 12% помалку калории.slabejte-bez-dieta

Научниците се сложуваат дека долгото џвакање на храната го спречува дебелеењето и прејадувањето. Мозокот има време да го послуша стомакот дали е полн.

Устата е почеток на системот за варење и потребно е 20 минути стомакот да регистрира што се случува со чувството на ситост. Толку е пожелно да се почека, па потоа да се одлучите дали ви е потребна уште една порција.

Јадете еден час по будењето

Клинички е докажано дека луѓето што појадуваат се порасположени, потенки и имаат помалку грчеви од оние што го прескокнуваат утринскиот оброк.

Внатрешната структура на телото е таква што организмот е најактивен наутро, па и дупло полесно се губат мастите ако внесете половина од дневнте калории рано наутро.

- Секогаш изедете нешто еден час по санувањето – советува James Duigan. Одложувањето на оброците, според неговите зборови, го успорува метаболизмот.

- Што ќе одберете за појадок, тоа и ќе го бара организмот во текот на денот. Избегнувајте пецива и житарици, подобро јадете јајца, или конзерва чаден лосос.

Мислете за храна

Луѓето за време на оброкот прават уште нешто, да речеме гледаат ТВ, зборуваат на телефон, слушаат музика, не можат да ја забележат ситоста на време и обично се дебели.

„Мултитаскингот“ треба да се избегнува додека се јаде.

- Кога работиме сè и сешто и грицкаме храна „од нога“ не можеме да обрнеме доволно внимание на оброкот и храната. За храна издвојте посебно време – препорачува Duigan.

За почеток – овошје

Најмалку половина час пред оброкот јадете овошје. Научниците едногласно советуваат овошје да не се јаде по оброк, затоа што така ќе се нанесе повеќекратна штета.

Ако изедете јаболко 30 минути пред ручек, ќе го забрзате метаболизмот, со напомена дека ако го јадете по оброк вашиот ензим за варење ќе дојде во „судир“ со шеќерите од овошјето и организмот не ќе може да ги обработува другите намирници.

Јадете помалку кога сте вознемиени

Кога сме под стрес телото ослободува хормони и кортизол кои не предупредуваат на опасности.

Ако ајдете кога сте нервозни телото ќе се бори да ја свари храната, но ќе има уште многу задачи, затоа е најдобро оброкот да биде топла супа.

Пијте паметно

Кога пиете многу е важно, кога и што најчесто пиете. Дехидрацијата е многу опасна и стресна за организмот, а во текот на денот треба почесто да се пие филтрирана вода.

Ако пиете вода за време на оброкот, знајте дека водата го забавува работењето на системот за варење. Храната останува нересорбирана.

За да го избегнете ова пијте 15 минути пред или по оброкот.

Кои се вашите искуства? Слободно споделете ги со нас во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Ист...
Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...
Зошто луѓето после 40-тата година треба почесто да консумираат смокви? Јапонските научници докажаа дека главната состојка на смоквата – бензалдехид, пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg