Вистини и митови за јаки стомачни мускули

vistini-i-mitovi-za-jaki-stomacni-povekjeПопуларните стомачни мускули за оние што редовно вежбаат се симбол на развиено и дефинирано тело. Постојат многу митови и препораки како...


...најдобро да ги тренирате стомачните мускули.

Во продолжение ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат сите „плочки“ да ви бидат на место.

1.  „Вдишувајте додека паѓате, издишувајте кога се подигате“ – Погрешно!

vistini-i-mitovi-za-jaki-stomacni

Иако е раширено мислењето дека морате да дишете исклучиво по споменатиот редослед, стручњаците тврдат дека тоа не е точно. Д-р Мел Сиф, авторот на книгата Факти и заблуди за фитнесот, објаснува дека таквото дишење всушност ја намалува активноста во мускулите. Дозволете му на телото да се однесува природно при контракција на мускулите. Слободно на кратко задржете го здивот додека се подигате.

2.  „Колку повеќе стомачни вежби, тоа повидливи стомачни мускули“ – Погрешно!

Видливоста на стомачните мускули се постигнува со аеробни (кардио) вежби (трчање, пливање, брзо одење...). Кардио вежбите доведуваат до губење на масното ткиво и до истакнување на мускулната дефиниција.

Обликот и големината на стомачните мускули зависи од бројот на направените стомачни вежби и од тежината на товарот. Конкретно, ако сакате исклучително цврсти и помали стомачни мускули, правете голем број повторувања и серии со помало оптоварување.

Ако сакате поголеми и изразени стомачни мускули, правете помали серии и повторувања со поголемо оптоварување (користете тег на градите при подигање и спуштање).

Почетниците секогаш почнуваат со помали оптоварувања и лесно го зголемуваат бројот на повторувања за да се дефинираат мускулите во првите месеци. Потоа, со промена на ритамот и со поголемо оптоварување, можете да ги „полните“ мускулите.


3. „Протеините се неопходни за квалитетно дефинирање на мускулите“ - Точно!

Луѓето во просечната дневна исхрана не внесуваат доволно протеини во телото. Ако при тоа уште и вежбате, треба да внесувате додатоци во прехраната како витамини и концентрати или изолати на протеини.

Популарниот протеински прав од кој се прави шејк, не е ништо друго туку природен или изолиран протеин од сурутката. Со оглед дека му се додава арома на ванила, чоколадо, јаготка...има убав вкус.

Аминокиселините, протеините и водата се основни составни елементи на мускулите и не е можно да се има квалитетно развиен мускул ако во телото не внесувате доволно од тие состојки.

Би можело да ве интересира:

Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...
Кои се најчестите видови артритис (и кои симптоми се јавуваат први)? Постојат многу видови артритис, но најчести се остеоартритисот и ревматоидниот а...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg