Оргазмите стануваат послаби и уште 8 вагинални промени по породувањето

Речиси секоја жена барем еднаш во животот размислувала за тоа какви промени може да очекува на своето тело откако ќе стане мајка, а секако дека на прво место се размислувањата поврзани со промената на половиот орган и чувството за време на секс.

zhenski-intimni-muabeti-promenet-intenzitet-na-orgazmot-i-ushte-8-vaginalni-promeni-po-poroduvanjeto-01.jpg

Според сознанијата, по бременоста вагината би требало да се врати во првобитната форма и облик со тоа што се работи за орган што физиолошки е предвиден да ги поднесе траумите од породувањето, но до целосното закрепнување некогаш може да помине и цела година.

Кои промени најчесто можете да ги забележите кај себеси по породувањето?

Поголема сувост на вагината

За време на бременоста нивото на хормони, вклучително и на естрогенот, е зголемено во женското тело, а по породувањето нивото на естроген нагло опаѓа, што може да доведе до исушување на вагината.

Естрогенот помага за одржување на влажноста на вагината, па ако се соочувате со таков проблем тоа може да се должи токму на ниското ниво на хормонот во вашето тело.

Жените што дојат почесто се соочуваат со ваков проблем затоа што за време на доењето нивото на естроген останува прилично ниско, но по престанувањето со доење, нештата би требало да се вратат по неколку недели во нормала.

zhenski-intimni-muabeti-promenet-intenzitet-na-orgazmot-i-ushte-8-vaginalni-promeni-po-poroduvanjeto-02.jpg

Болки во меѓуножјето

Најголем број жени по породувањето може да се соочат со некаква повреда на меѓуножјето. Без разлика дали се работи за послабо или посилно распукување или засекување, одреден период по породувањето ќе се соочувате со болки.

Секако пред заминување од болница, лекарите ќе ви дадат совети за тоа како да се справите со болките и како да ја заштитите раната од инфекции.

Силно крвавење

По породувањето најголем дел од жените може да очекуваат силно крвавење што трае од 4 до 6 недели, што почнува со крв со силна црвена боја која потоа станува сè посветла и на крај жолтеникава.

Исто така оваа крв има поинтензивен мирис од вообичаената менструација.

zhenski-intimni-muabeti-promenet-intenzitet-na-orgazmot-i-ushte-8-vaginalni-promeni-po-poroduvanjeto-07.jpg

Можеби ќе имате лузни

Кај жените што имале засекување на меѓуножјето за време на спонтано породување, може да останат лузни.

На почетокот можно е големите лузни да предизвикуваат болки за време на секс, но со текот на времето овие лузни најчесто во целост заздравуваат.

Промени во менструалниот циклус

Бременоста ги доведува сите хормони во дисбаланс, по што телото ќе мора да се рестартира по породувањето.

Доењето го намалува нивото на естроген, па така голем број жени што дојат воопшто не добиваат месечен циклус во овој период.

Кај жените со ниско ниво на естроген слузокожата на матката е потенка, па затоа имаат пократка менструација.

Кај оние што нивото на естроген е повисоко, слузокожата станува подебела, па може да се случи да имаат пообилна менструација.

zhenski-intimni-muabeti-promenet-intenzitet-na-orgazmot-i-ushte-8-vaginalni-promeni-po-poroduvanjeto-05.jpg

Поопуштена и поширока вагина

По породувањето вагината може да стане поопуштена и поширока отколку во минатото. Ако мускулите се опуштени тогаш ќе биде потребно да правите Кегелови вежби за да ги зајакнете.

За да направите Кегелови вежби потребно е да ги стегнете мускулите во карличниот предел и да ги држите стегнати 5 секунди, па да ги опуштите 10 секунди.

Повторно ги стегате, ги отпуштате и ја повторувате постапката. За најдобар резултат потребно е вежбите да ги правите во 3 серии по 10 повторувања дневно.

Неконтролирано уринирање

По породувањето може да се случат промени на мускулите и нервите што го контролираат мочниот меур и уретрата, што може да доведе до неконтролирано мокрење додека се движите, па и ако силно се смеете.

Кегеловите вежби би можеле да ви помогнат и ако се соочувате со ваков проблем, но ако проблемот трае подолг период неопходно е да се консултирате со лекар.

zhenski-intimni-muabeti-promenet-intenzitet-na-orgazmot-i-ushte-8-vaginalni-promeni-po-poroduvanjeto-06.jpg

Интензитетот на оргазмот се менува

За време на оргазмот мускулите на вагината и матката произведуваат силни, ритмички контракции што го предизвикуваат задоволството.

Ако имате поопуштени мускули на вагината по породувањето, контракциите можеби веќе нема да бидат толку силни, па нема да имате толку силни оргазми како претходно.

И за овој проблем најчесто помагаат Кегеловите вежби.

Промена на бојата на усните

Кај жените што претрпеле поголема траума за време на породувањето може да дојде до поголеми осцилации во боите.

Иако некои од овие промени може да делуваат фрустрирачки, потребно е да бидете свесни дека тие промени се сосема нормални откако сте успеале на свет да донесете нов живот.

zhenski-intimni-muabeti-promenet-intenzitet-na-orgazmot-i-ushte-8-vaginalni-promeni-po-poroduvanjeto-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: stockvault.net

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg