Станување рано - рецепт за среќа, виткост и здравје

stanuvane-rano-recept-za-srekja-vitkost-i-zdravje-povekjeДоцното легнување и доцна станување му штетат на човековото здравје и ја загрозуваат неговата среќа, открива студијата на Универзитетот Рехамптон.


Оние што стануваат пред седум часот во работен ден и за викенд покажуваат најмалку знаци на депресија, често појадуваат и редовно вежбаат па се и повитки.stanuvane-rano-recept-za-srekja-vitkost-i-zdravje

Околу 13% од 1100 испитаници се ранобудници кои и за време на викендот стануваат околу седум часот, 6% од испитаниците стануваат околу 9 часот наутро и уште подоцна за време на викенд, додека останатите 81% се некаде помеѓу овие две групи.

Оние што стануваат порано имаат најмалку здравствени проблеми и знаци на депресија.

Исто така тие почесто појадуваат и поредовно вежбаат, што е поврзано со нивната добра кондиција и помала телесна маса, заклучуваат истражувачите. Попладневниот сон според истражувањата нема влијание на среќата, линијата и здравјето на луѓето.

Добрите страни на станувањето рано се очигледни. Тие разлики се поврзуваат со полошиот квалитет на сон кај оние што подоцна си легнуваат – вели истражувачот Јорг Хубер.

Каков е вашиот биоритам? 

Би можело да ве интересира:

Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg