10 важни хигиенски навики, кои сите упорно тврдоглаво ги игнорираме

На колку часа треба да ја менувате долната облека? Папокот ви е најзапоставениот дел од телото кој бара нега и чистење - како да се грижите за него? Плус, трик како да ги убиете бактериите под ноктите. Здравјето ќе ви благодари...

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-001.jpg

Уште во детството родителите нè учеа дека треба да ги миеме рацете пред јадење, да ги четкаме убаво забите кога ќе станеме од спиење и пред спиење и што помалку да го допираме лицето со нечисти раце.

Но, покрај овие основни хигиенски навики, треба да усвоиме и некои нови, кои, за жал, многумина од нас упорно ги игнорираат.

Хигиенски навики кои се важни, а ги игнорираме:

Триење на стапалата за отстранување на лошите мириси

Основни хигиенски правила за стапалата се миење најмалку еднаш на ден, редовно сечење на ноктите и добро сушење на пределот меѓу прстите, по миењето.

Но, убаво е и од време навреме да им правите пилинг на стапалата и со убаво триење да ги отстраните бактериите кои се развиваат на влажните места и се хранат од мртвите клетки кожа.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-02.jpg

Користете гел за дезинфекција на раце кога ќе го заборавите дезодорансот

Гелот за дезинфекција на раце, кој повеќето од нас го имаат со себе, може привремено да го спречи растот на бактериите, кои предизвикуваат непријатен мирис.

Се разбира, ова е само за во навистина итни случаи, затоа што гелот содржи алкохол и тоа може да предизвика иритација на кожата, доколку се користи често. Плус, треба да користите многу мала количина.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-01.jpg

Редовно вадете ги и чистете ги обетките

На обетките се собира себум, односно маснотии од кожата, па дури и траги од шампон.

Затоа треба редовно да ги вадите и чистите со памукче, потопено во солен раствор или медицински алкохол.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-03.jpg

Правете ексфолијација на скалпот

Ова е клучот за поздрава коса, особено ако сте од оние луѓе кои имаат проблем со првут, сува кожа и масна коса.

Плус, ова помага за да отстраните од кожата на главата и косата некои козметички препарати, како што е на пример шампонот за суво миење на коса.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-04.jpg

Затворете го капакот на тоалетната школка, пред да пуштите вода

Тоалетот, дури и во домот, не може да се нарече стерилно место. Па, ако не го затворите капакот од тоалетната школка, пред да пуштите вода, се ослободуваат многу микроорганизми и бактерии во воздухот.

Тие потоа се лепат на разни површини и тоа од мијалникот, па до четките за заби.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-05.jpg

Уште 5 навики на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
7 секојдневни навики што ни штетат на менталното здравје (а не сме свесни за тоа) Сите имаме некои навики што секојдневно ги повторуваме, а воопшто не сме ниту св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg