Биохемиската бременост може да трае и до 5 недели, се открива со тест - Знаци дека можеби сте имале ран абортус

Крвавењето започнува речиси во истиот период кога би требало да започне и редовната менструација, можни се силни болки во абдоменот и грбот, а бременоста може да се детектира само со тест – што е биохемиска бременост?

biohemiskata-bremenost-mozhe-da-trae-i-do-5-nedeli-se-otkriva-so-test-postoi-li-mozhnost-da-se-razlikuva-od-obichna-menstruacija-01.jpg

Голем број жени се соочиле со тоа да добијат позитивен тест за бременост, а само по неколку денови да добијат менструација и негативен тест.

Честопати во медицината се користи терминот „биохемиска бременост“, но што всушност е тоа? Може ли да се препознае и во што се разликува од обичната менструација?

Биохемиската бременост е многу ран спонтан абортус што се случува во првите пет недели од бременоста.

Причините за ваквите абортуси најчесто се генетски и физички па најчесто телото само одлучува да го исфрли фетусот, а не постојат сознанија дека се поврзани со стрес или кревање тешки предмети.

biohemiskata-bremenost-mozhe-da-trae-i-do-5-nedeli-se-otkriva-so-test-postoi-li-mozhnost-da-se-razlikuva-od-obichna-menstruacija-02.jpg

Во основа, во ваквата бременост ембрионот се имплантира во матката, но потоа престанува да се развива, а биохемиските бремености се случуваат многу рано, па така најголем број од жените што ги искусиле воопшто не се свесни за тоа.

Оваа бременост го добила името заради хемиските процеси во телото, односно зголемувањето на нивото на хормони кои предизвикуваат позитивен тест за бременост.

Во првите пет недели од бременоста ембрионот предизвикува зголемување на хормонот ХЦГ и тоа може да биде единствениот знак дека сте забремениле затоа што премногу е рано за да се види фетусот на ехо-преглед.

Исто така бременоста не трае доволно долго за да предизвика некои од вообичаените симптоми како гадење и повраќање.

biohemiskata-bremenost-mozhe-da-trae-i-do-5-nedeli-se-otkriva-so-test-postoi-li-mozhnost-da-se-razlikuva-od-obichna-menstruacija-06.jpg

Во моментот кога ембрионот престанува да се развива, нивото на хормонот ХЦГ опаѓа и со тоа престанува и бременоста, па заради тоа добивате негативен тест за бременост.

Овие бремености може да се јават речиси кај сите жени што имаат можност да забременат, а најмногу се забележани кај жените што поминуваат низ ин-витро оплодување, не заради самиот процес на оплодување, туку затоа што кај овие жени состојбата детално се мониторира.

Дали станува збор за вистинска бременост?

Иако според многумина, биохемиската бременост воопшто не треба да се смета ниту за зачнување, сепак реалноста е дека жените што поминуваат долг процес на борба со неплодност мошне стресно ги доживуваат ваквите загуби и потребен им е период психолошки да се изборат со сопствените емоции.

biohemiskata-bremenost-mozhe-da-trae-i-do-5-nedeli-se-otkriva-so-test-postoi-li-mozhnost-da-se-razlikuva-od-obichna-menstruacija-08.jpg

Биохемиска бременост или менструација?

Според Healthline, биохемиската бременост најчесто се случува по имплантацијата на ембрионот, а со оглед на тоа што единствениот физички симптом што би можеле да го почувствувате се болки во стомакот и крвавење кое наликува на менструалното крвавење, многу жени веруваат дека имаат редовна менструација.

Дополнително, тоа што овој тип абортус најчесто се случува во 4-тата или 5-тата недела од бременоста, најчесто значи дека тој се поклопува со периодот кога би требало нормално да добиете менструација и затоа најчесто не се забележува.

biohemiskata-bremenost-mozhe-da-trae-i-do-5-nedeli-se-otkriva-so-test-postoi-li-mozhnost-da-se-razlikuva-od-obichna-menstruacija-04.jpg

Иако многу е тешко да се направи разлика дали сте имале биохемиска бременост или нормална менструација, постојат неколку симптоми што би можеле да ви навестат дека сепак имало бременост.

Можни симптоми на биохемиска бременост:

Болки во долниот предел на абдоменот

Овие болки се карактеристични и за менструацијата, но за време на спонтан абортус, по хемиска бременост може да се почувствуваат силни контракции на мускулите и болки во долниот дел од грбот и стомакот;

Исфрлање течности

Вообичаено за време на месечниот циклус се исфрла крв, но ако забележите дека освен крвавиот исцедок има и други течности, тоа може да биде знак на ран абортус.

biohemiskata-bremenost-mozhe-da-trae-i-do-5-nedeli-se-otkriva-so-test-postoi-li-mozhnost-da-se-razlikuva-od-obichna-menstruacija-03.jpg

Исфрлање парчиња или коагулум

Ова може да се случи и за време на обичен циклус, но за време на абортус може да има парчиња во бела и сива боја.

Крвавење

За време на спонтан абортус по биохемиска бременост, крвавењето може да почне ненадејно и да биде пообилно од вообичаено. Најчесто се случува крвавењето да престане по неколку дена, но може да се случи да трае и до 2 недели.

Сепак, мора да се нагласи дека секое крвавење по позитивен тест за бременост не значи дека сте ја загубиле бременоста. Најдобро е веднаш по позитивниот тест да закажете лекарски преглед и да се консултирате со матичниот гинеколог што треба да правите.

Исто така, биохемиската бременост не е знак дека не можете да останете бремени повторно.

Голем број жени имале биохемиска бременост во минатото, а денес се мајки и родиле здрави дечиња.

Погледнете визуелен приказ на работи што треба да ги знаете за биохемиската бременост:

biohemiskata-bremenost-mozhe-da-trae-i-do-5-nedeli-se-otkriva-so-test-postoi-li-mozhnost-da-se-razlikuva-od-obichna-menstruacija-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Сѐ што треба да знаете за амниоцентезата: Кога се прави и дали е ризично? Трудниците чувствуваат страв дури и само од помислата на овој тест, но преку ова...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg