Колку е опасна туберкулозата и можете ли да се заштитите?

Кога треба да одите на лекар?

Ако забележите кој било од наведените симптоми, веднаш одете на лекар.

Исто така, ако сте биле во присуство на заразена личност, повторно одете на лекар бидејќи можно е да имате латентна туберкулоза.

Важно е да се третирате и во овој случај бидејќи латентната туберкулоза може да се претвори во активна.

Препорачливо е да одите на лекар и ако сте изложени на поголем ризик.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, овде спаѓаат луѓе кои:

  • Имаат ХИВ/СИДА
  • Користат наркотици интравенозно (со игла)
  • Се во контакт со заразени луѓе
  • Се во земја каде што туберкулозата е честа појава
  • Живеат или работат во област каде што туберкулозата е честа појава, како затвори и домови за стари лица
  • Работат во здравството и третираат луѓе со висок ризик од зараза со туберкулоза

kolku-e-opasna-tuberkulozata-i-mozhete-li-da-se-zashtitite-04.jpg

Дали се лекува туберкулозата и како можете да се заштитите?

Туберкулозата е опасна болест бидејќи станува поотпорна на лекарствата што се користат за нејзино третирање.

Сепак, со правилен третман, болеста е речиси секогаш излечена.

За лекување најчесто се користат неколку вида антибиотици бидејќи некои видови туберкулоза се отпорни на одредени антибиотици.

Доколку пиете антибиотици за туберкулоза, особено важно е да ја довршите терапијата и да ја земате точно како што ви е препишана.

Во спротивно, може да биде неефикасна.

kolku-e-opasna-tuberkulozata-i-mozhete-li-da-se-zashtitite-05.jpg

Доколку се лекувате од туберкулоза, важно е да внимавате да не заразите некој друг.

Во овој случај би требало:

  • Да не одите на работа или училиште додека лекарот не го дозволи тоа
  • Секогаш да ја покривате устата кога кашлате, кивате или се смеете
  • Да ги фрлате шамивчињата што ги користите во добро затворена пластична ќеса
  • Редовно да ја проветрувате просторијата во којашто спиете и престојувате
  • Да избегнувате да спиете во иста просторија со други луѓе

Како превенција од туберкулоза, во многу земји, вклучувајќи и кај нас, се користи вакцината БСГ (бесеже).

Вакцината им се става на новороденчиња, до првата година од животот.

Некогаш вакцината им се дава и на лица до 35-годишна возраст доколу се изложени на голем ризик.

Според NHS, вакцината не се дава рутински на лица постари од 35 години бидејќи нема докази дека е ефикасна кај нив.

kolku-e-opasna-tuberkulozata-i-mozhete-li-da-se-zashtitite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg