Колку е опасна туберкулозата и можете ли да се заштитите?

Туберкулозата може да биде фатална болест доколку не се третира, но добрите вести се дека со правилна терапија, речиси секогаш се лекува. Што друго треба да знаете за оваа болест, која во последниов период е актуелна тема и кај нас?

kolku-e-opasna-tuberkulozata-i-mozhete-li-da-se-zashtitite-01.jpg

Туберкулозата е заразна болест која главно ги напаѓа белите дробови, но може да зафати и други органи, како бубрезите и мозокот.

Според Центарот за контрола и превенција на болести од САД, не секој кој ќе се зарази со туберкулоза покажува симптоми.

Истовремено, ако не се третира правилно, туберкулозата може да биде фатална.

Според Mayo Clinic, порано туберкулозата била ретка појава во развиените држави, но бројот на заразени почнал да се зголемува во 1985 година. Причината е појавата на ХИВ вирусот којшто го ослабува имунитетот.

Што ја предизвикува туберкулозата?

Туберкулозата е предизвикана од бактерија која се пренесува од човек на човек преку кашлање, кивање и слично.

Кај повеќето здрави луѓе, нивниот имунитетот ги убива бактериите, па тие не добиваат туберкулоза.

Во некои случаи, имунитетот не ги убива бактериите, но успева да ги спречи да се рашират низ телото. Тогаш лицето нема да покажува симптоми, но во неговиот организам ќе има присуство на бактеријата.

Ова е познато како латентна туберкулоза. Луѓето кои имаат латентна туберкулоза не можат да ги заразат другите.

Во случај кога имунитетот не може да го спречи ни ширењето на бактеријата, таа ќе зафати делови од белите дробови и другите органи. Симптомите можат да почнат да се развиваат во период од неколку недели, до неколку месеци.

Ова е познато како активна туберкулоза.

Латентната туберкулоза може да стане активна, особено ако ослабе имунитетот на личноста.

kolku-e-opasna-tuberkulozata-i-mozhete-li-da-se-zashtitite-02.jpg

Кои се симптомите на туберкулоза?

Само активната туберкулоза предизвикува симптоми, вклучувајќи:

  • Кашлање во период од три или повеќе недели
  • Искашлување крв
  • Болки во градите или болка при дишење или кашлање
  • Необјасниво слабеење
  • Замор
  • Треска
  • Ноќно потење
  • Намален апетит

Ова се симптоми на таканаречена пулмонална туберкулоза која ги зафаќа белите дробови.

Доколку туберкулозата се прошири на другите органи, тогаш ќе се појават и други симптоми.

На пример, туберкулозата на бубрезите може да предизвика појава на крв во урината.

kolku-e-opasna-tuberkulozata-i-mozhete-li-da-se-zashtitite-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg