Психопатите и социопатите се популарни психолошки изрази употребени за опишување на насилни личности. Овие описи на личности се користат многу години како мотиви на бројни филмови, како Ханибал Лектор од „Silence of the Lambs“, Норман Бејтс од „Psycho“ или Ени Вилкс од „Misery“. Психопатите и социопатите постојат во општеството, тие се шармантни, манипулативни, бесчувствителни и насилни. Она што им е заедничко е недостиг на емпатија, непочитување на правила (понекогаш и закони) и насилно однесување без чувство на вина. Знаете ли која е вистинската разлика помеѓу психопат и социопат?