3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)

Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и вкусни јадења кои можете да ги ставите на празничната трпеза, по препорака на Давор (Dave's Kitchen).

3-recepti-za-velgdenskata-trpeza-od-kujnata-na-davor-dave-s-kitchen-01.jpg

Нема некој што не сака велигденската трпеза да му биде богата и да изгледа убаво.

Во пресрет на празникот, нашиот готвач Давор Панчевски, познат како Dave’s Kitchen, ни сподели три рецепти кои може да се најдат на вашата трпеза - солен, благ и интересен рецепт за декоративно мезе.

kitchen-05.jpg

Доколку и понатаму размислувате што да зготвите, овие рецепти можеби ќе ве инспирираат:

Пилиња од урда

Потребни состојки:

  • 500g урда
  • 200g овчо сирење
  • 70g кикирики, исечкани
  • 3 кисели краставички, ситно исечкани
  • сол и мелен црн пипер по вкус

За декорација:

  • Рендан чедар кашкавал
  • Маслинки (ситно сечкани)
  • Морков (неколку тркалца)

Начин на подготовка:

  • Промешајте ги сите состојки заедно додека не добиете хомогена смеса.
  • Формирајте топчиња, а потоа секое топче извалкајте го во рендан чедар кашкавал.
  • Ставете маслинки како очи и парчиња морков за ноџиња и клун.

3-recepti-za-velgdenskata-trpeza-od-kujnata-na-davor-dave-s-kitchen-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...

Најчитани неделава