3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)

Козињак - милиброд

Потребни состојки:

  • 200ml млеко
  • 1 пакетче сув квасец
  • 200g шеќер
  • 4 лажици мед
  • 120ml јогурт
  • Кора од 1 портокал
  • 4  јајца
  • 4 жолчки
  • 1 лажица рум
  • 1.2kg брашно, или количина по потреба за да се замеси меко тесто
  • 200g путер
  • Џем со вкус по желба (кајсија, слива, шипинки, праски)

Начин на подготовка:

  • Сите состојки ставете ги во длабок сад и замесете тесто. Тестото добро изработете го на набрашнета работна површина околу 10-15 минути додека не стане меко и мазно.
  • Оставете да стаса 1 час на собна температура.
  • Откако ќе стаса, поделете го на два еднакви дела за да добиете два милиброда.
  • Секој од деловите поделете го на три дела (ќе имате вкупно 6) и со сукало расукајте ги.
  • Премачкајте ги со џем и свиткајте ги во вид на ролат.
  • Од три ролати сплетете плетенка и префрлете ја во калап за векни (ќе добиете 2 милиброди плетенки).
  • Оставете ги милибродите да стасаат околу 40 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги милибродите околу 50-60 минути додека комплетно не бидат готови.
  • Оставете да се изладат, пресечете ги и сервирајте парчиња.

3-recepti-za-velgdenskata-trpeza-od-kujnata-na-davor-dave-s-kitchen-02_copy.jpg

Пилешко со кари во лиснато тесто

Потребни состојки:

  • 500g пилешки стек
  • Масло за јадење
  • Сол и мелен црн бибер по вкус
  • 400ml павлака за готвење
  • 1 лажичка мешан сув зеленчук
  • 300g свежи шампињони, исечкани
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажичка кари во прав
  • 500g лиснато тесто

Начин на подготовка:

  • Најпрво испржете го пилешкиот стек кој сте го исечкале на коцки.
  • Додајте ги свежите шампињони и гответе 10 минути. Зачинете со сол, бибер и мешан сув зеленчук.
  • Потоа додајте ги лукчето и павлаката за готвење. Промешајте, па додајте го и карито.
  • Тргнете ја смесата од оган и оставете убаво да се излади.
  • Расукајте го лиснатото тесто на набрашнета површина и пресечете правоаголници долги 20х10cm.
  • Нанесете од филот во секој од правоаголниците и преклопете ги, а потоа краевите притиснете ги со виљушка за убаво да се затворат.
  • Премачкајте ги со јајце и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

3-recepti-za-velgdenskata-trpeza-od-kujnata-na-davor-dave-s-kitchen-04.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусен викенд ручек: Пилешко во кари сос во 6 чекори Пилешко во кремаст кари сос... Идеален рецепт за викенд ручек со најблиските, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg