7 идеи за брз ручек без готвење - совршени за лето

Брз ручек со багет, домати и моцарела или грчка салата со пилешко месо - неколку идеи за оброци за кои не треба ни печење, ни пржење и се совршени за лето.

7-recepti-za-ruchek-za-koi-ne-treba-ni-przenje-ni-pechenje-01.jpg

Во текот на летото, особено кога температурите се високи, готвењето е последната работа што ни паѓа на памет, особено затоа што со вклучувањето на шпоретот се загреваат просториите.

Во продолжение ви претставуваме 7 рецепти за ручек за цела недела, за кои не мора ништо да пржите ни печете. 

Багет со домати и моцарела

Потребни состојки:

  • 4 кришки багет
  • 2 домати, исечкани на коцки
  • 100g моцарела, исечкана на коцки
  • Свеж босилек, ситно исечкан
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Во сад измешајте ги доматите, моцарелата и босилекот.
  • Додајте маслиново масло, сол и бибер по вкус.
  • Смесата рамномерно распоредете ја врз кришките багет и послужете.

7-recepti-za-ruchek-za-koi-ne-treba-ni-przenje-ni-pechenje-02.jpg

Тортиљи со зеленчук и црвен грав

Потребни состојки:

  • 4 тортиљи
  • 1 конзерва црвен грав (исцедете го гравот и исплакнете го)
  • 1 авокадо, испасирано
  • 1 домат
  • 1 краставица исечкана на коцки
  • 1/2 црвена пиперка, исечкана на ленти
  • 1/4 црвен кромид, ситно исечкан
  • Сок од 1 лимон
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • На секоја тортиља намачкајте слој од пасиранто авокадо.
  • Додајте црвен грав, пиперки и црвен кромид, домати и краставици исечкани на коцки.
  • Прелијте со сок од лимон, сол и бибер.
  • Свиткајте ги тортиљите и послужете.

7-recepti-za-ruchek-za-koi-ne-treba-ni-przenje-ni-pechenje-03.jpg

Сендвичи со песто и свеж зеленчук

Потребни состојки:

  • 4 парчиња интегрален леб
  • 100g песто од босилек
  • 1 домат, тенко исечкан
  • 1 краставица, исечкана на тенки ленти
  • 1 морков, рендан
  • 50g рукола

Начин на подготовка:

  • На секоја кришка леб намачкајте песто.
  • Додајте домат, краставица, морков и рукола.
  • Ставете две кришки леб една врз друга како сендвич и послужете.

7-recepti-za-ruchek-za-koi-ne-treba-ni-przenje-ni-pechenje-04.jpg

Уште четири рецепти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...

Најчитани неделава