Портокалопита - грчки десерт за сечиј вкус

Еден од најубавите грчки колачи, кои секогаш потсетуваат на летување и море е нивната портокалопита.

portokalopita-grchki-desert-za-sechij-vkus-01.jpg

Колачот кој се прави со готови кори и портокал е меѓу омилените грчки колачи.

Ако сте го пробале и ви се допаѓа неговиот вкус, сега можете брзо и лесно да го направите дома.

Потребни состојки:

За шербетот:

  • 500g шеќер
  • 500ml вода
  • 300ml сок од портокал

За колачот:

  • 1 пакување кори за пита
  • 2 големи портокали
  • 200g шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250ml масло
  • 250ml млеко
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 3 јајца

Начин на подготовка:

  • Најпрво подгответе го шербетот. Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и сокот од портокал, па варете ги на средна температура.
  • Кога ќе почне да врие, тргнете го на страна и оставете го целосно да се излади.
  • Вклучете ја рерната на 100°С на режим на вентилатор (ако имате).
  • Во плехот за печење наредете ги корите една до друга како хармоника и печете 1 час.
  • Додека се печат корите, портокалите измијте ги и изрендајте ја кората, па тргнете ја на страна, а портокалите ставете ги во тенџере со вода и варете ги 1 час.
  • Кога ќе ги извадите корите од рерната, почекајте малку да се изладат, а потоа издробете ги на ситни парченца, додека не станат речиси во вид на прав.
  • Наместете ја рерната на 160°С, исто така на режим на вентилатор.
  • Сварените портокали извадете ги од водата и исцедете ги, а остатокот ставете го во процесор за храна и изблендирајте го.
  • Спојте ги блендираните портокали со шеќерот, ванилиниот шеќер, трите јајца, млекото, маслото, додајте ги сокот и кората од портокал, прашокот за пециво и содата бикарбона сода.
  • Убаво изматете со миксер, а потоа во смесата постепено додавајте ги искршените кори.
  • Смесата истурете ја во плех премачкан со масло и малку брашно и печете 40-50 минути.
  • Извадете го колачот од рерна и прелијте го со шербетот кој е целосно изладен.
  • Оставете добро да се впие, најмалку 1 час (или поубаво, оставете го преку ноќ).
  • Послужете го со сладолед ванила.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...

Најчитани неделава