Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви докажат дека и посната храна може да биде вкусна.

На 28-ми ноември почнуваат божиќните пости, кои траат 40 дена.
Во овој период христијаните треба да се воздржат од мрсна храна, грешни мисли и дела и да се подготват за прославување на големиот празник Божиќ.
Иако многумина сметаат дека посната храна е здодевна, без вкус, затоа што нема месо, сепак, овие рецепти ќе ви покажат дека и во периодите на пост можете да уживате во различни вкусови и рецепти.
Погледнете што можете да подготвите додека постите:
Хумус од леќа и маслинки
Потребни состојки:
- 100g зелени маслинки;
- 100g црвена леќа;
- 200g моркови;
- 1-2 лажици маслиново масло;
- ½ лажица сол;
- Мешавина од зачини по вкус (црн бибер, чили и сл.);
- 200-250ml вода.
Начин на подготовка:
- Морковите се сечкаат на ситни коцкички и се динстаат на загреано маслиново масло, или на вода;
- Се додаваат зачини и леќата, па се додава вода, додека не ја прекрие леќата и се прекрива;
- Леќата и морковите се оставаат да се варат на среден оган околу 25 минути;
- Леќата се остава да се олади, ѝ се додаваат исечкани маслинки и се пасираат со блендер, или сечко додека не се добие изедначен хумус.

Посни пирошки со печурки
Потребни состојки:
За тесто:
- 90ml вода;
- 30ml растително масло (дополнително за премачкување);
- 150-160g брашно;
- 1 мала лажичка сув квасец;
- 1 ¼ лажица шеќер;
- ¼ лажичка сол.
За фил:
- 230g – шампињони;
- 50g – кромид;
- ¼ лажичка сол;
- ¼ лажичка црн бибер;
- 20ml растително масло.
Начин на подготовка:
- Водата треба да се загрее на температура од околу 40 степени Целзиусови;
- Се додава квасец, шеќер и сол и се мешаат;
- Лажица по лажица се додава брашното и се меша по секое додавање, за да се добие изедначена смеса;
- Постапката се повторува додека не се добие тесто, подготвено за месење;
- Додека се меси тестото постепено се додава и маслото;
- Готовото тесто се остава прекриено со проѕирна фолија за да нарасне (околу 30 минути);
- Шампињоните и кромидот се мијат и се сечкаат на коцкички;
- На загреано масло прво се динста кромидот околу 3-4 минути, па потоа се додаваат и печурките;
- Се пржат додека не испари цела течност од нив, па се додава сол и црн бибер и се мешаат;
- Филот се остава да се олади, а рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Готовото тесто се дели на 6 парчиња, од кои се обликуваат топчиња;
- Секое топче се истегнува во форма на круг, па потоа на средина се полни со печурки и се обликува во форма на пирошка;
- Готовите пирошки се ставаат на плех обложен со хартија и се печат 15-20 минути на температура од 180 степени Целзиусови.

Уште три рецепти на следната страница...
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...