Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо

Тестенини со печурки и спанаќ

Потребни состојки:

  • 100g тестенини;
  • 100g шампињони;
  • 70g спанаќ;
  • 1 мала пиперка (бабура);
  • 120g кромид;
  • 5g лук;
  • 75g доматен сос;
  • 20g брашно;
  • 30ml растително масло;
  • ½ лажиче сол;
  • Прстофат црн бибер.

Начин на подготовка:

  • Тестенините се готват според упатството на амбалажата, но немојте да ја фрлате водата во која се готвеле;
  • Кромидот се сечка на коцкички и се динста на масло или на вода околу 2-3 минути;
  • Се додава ситно исечкана пиперка и исечкани шампињони;
  • Состојките се оставаат да се пржат околу 4-5 минути, па се додава ситно исечкано лукче;
  • Се додава доматно пире и брашно и состојките се мешаат;
  • По ова се додаваат околу 250-300ml вода од зготвените тестенини;
  • Се додава сол и црн бибер и се остава сосот да зоврие;
  • Се додава исчистен спанаќ искинат на ситни ленти и се остава да отстпи 1 минута;
  • Во сосот се додаваат готовите нудли и се остватааѕ да отстојат 5 минути за да го примат вкусот;
  • Готовите тестенини може да се сервираат веднаш.

predlog-recepti-za-bozhikjnite-posti-vkusni-obroci-bez-meso-04.jpg

Компир салата со кисели краставички и печурки

Потребни состојки:

  • 3-4 поголеми компири;
  • 2 кисели краставички (со средна големина);
  • 100g шампињони;
  • Гранче свеж магдонос;
  • 2-3 млади кромитчиња;
  • 4-5 големи лажици масло за јадење;
  • 1 лажица сол;
  • ¼ лажиче црн бибер.

Начин на подготовка:

  • Компирите се мијат и се ставаат да се сварат во тенџере;
  • Во меѓувреме се сечкаат печурките и краставичките и се ставаат во длабок сад;
  • Сварените компири се лупат, се сечкаат и се додаваат во садот;
  • Се додава исечкан магдонос и млад кромид;
  • На салатата и се додава сол, црн бибер, масло и се меша.

predlog-recepti-za-bozhikjnite-posti-hranata-mozhe-da-bide-vkusna-i-bez-meso-07.jpg

Медени колачиња со суво грозје и јаболка

Потребни состојки:

  • 100g шеќер;
  • 1 голема лажица мед;
  • 100ml инстант кафе;
  • ½ лажица сода бикарбона;
  • 25ml масло за готвење;
  • 175g брашно;
  • Прстофат сол;
  • 1,5 лажица суво грозје;
  • 1 јаболко;
  • Прстофат цимет;
  • 1 индиско оревче (изрендано).

Начин на подготовка:

  • Јаболката се лупат и се сечкаат на мали коцкички, сувото грозје се става во малку млака вода;
  • Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
  • Свежо подготвеното инстант кафе се става во мало тенџере и му се додава шеќер и мед;
  • Кафето се загрева на рингла додека да се стопат шеќерот и медот;
  • Смесата се трга од оган и се додава сода бикарбона и се мати со маталка, додека не се направи пена;
  • Се додава брашно, сол, цимет и индиско оревче;
  • Смесата се меша со маталка додека да се добие изедначена смеса;
  • Во смесата се додаваат коцкички јаболка и суво грозје и се меша со шпатула;
  • Тестото се префрла во плех обложен со хартија;
  • Колачот се пече на температура од 180 степени околу 25 минути, или додека да добие златно кафеава боја.

predlog-recepti-za-bozhikjnite-posti-vkusni-obroci-bez-meso-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лисната пита со крцкави компири - ќе барате парче плус Оваа солена пита со префинет и неодолив вкус, е совршена за брза и вкусна вечера...
Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg