Пробајте: Потпечени палачинки со ореви и шеќер

Слатките палачинки спаѓаат во едни од омилените десерти можеби затоа што за нивната подготовка не ви е потребно многу време, а ниту скапи состојки.

potpeceni-palacinki-so-orevi-i-seker-01.jpg

Палачинките со ореви, шеќер и суво грозје потпечени во рерна се десерт кој можете да го послужите со есенското чајче или кафе и во кое ќе уживаат сите пријатели и домашни.

Комбинација на крцкави кори и сочно полнење можете да ја подготвите на следниов начин:

Потребни состојки за 12 палачинки:

Подготовка:

Испечете 12 палачинки по овој рецепт. Секоја палачинка поединечно наполнете ја со 1 лажица ореви, 1 лажица шеќер и неколку зрна грозје.

Палачинките замотајте ги и ставете ги во керамичка тава за печење. Ако тавата е помала, распоредете ги во 2 реда.

Преостанатите ореви и шеќерот наросете ги одозгора. Распоредете ги и преостанатите зрна грозје.

Прелијте го млекото одозгора и оставете неколку минути да се впие.

Печете 15 минути на 200 степени.

potpeceni-palacinki-so-orevi-i-seker-02.jpg

potpeceni-palacinki-so-orevi-i-seker-03.jpg

Исечете и послужете со топло кафе или чај!

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...

Најчитани неделава