Без грижа на совест: Уживајте во вкусот на пицата за слабеење

На прв поглед оваа пица изгледа како и секоја друга. Но, ако ја погледнете подобро или ако ја пробате, ќе сфатите дека нешто недостига.

bez-griza-na-sovest-uzivajte-vo-vkusot-na-picata-za-slabeenje-01

За оваа пица ви е потребно:

  • 200 g интегрално `ржано брашно
  • 1 рамна лажичка сол
  • пола кесичка печиво
  • 2 лажички маслиново масло
  • 125 милилитри вода

Подготовка:

Сите состојки измешајте ги за да добиете тесто. Развлечете го како круг и ставете некоја хартија на загреана рерна 5 минути, за да фати малку кора.

Откако ќе го извадите почнете со филување. Додајте му доматен сос, парчиња сувомеснато, оригано, свеж или обарен зеленчук, јајца.

Сето тоа повторно ставете го во рерна додека јајцата не се испечат. Кога ќе ја извадите пицата може да ставите и неколку ливчиња рукола и сосем малку балсамико, доколку сакате.

Во ваквата пица слободно може да уживате без грижа на совест дека ќе се здебелите, но најмногу им се препорачува на оние кои се придржуваат до хроно диетата.

Сигурно забележавте дека има многу состојки кои може да ги додадете, но една од стандардните и клучни недостига. Тоа е кашкавалот.

Во ваквата пица и диета млечните производи се тие што треба да се избегнат бидејќи содржат најмногу калории, особено во комбинација со месните и скробни производи.

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава