Проверен рецепт со нов изглед: Палачинки во облик на мрежа

Не постои човек на планетава кој не сака палачинки. Со Нутела, банана, мед, ореви но и салама, кашкавал, маслинки... палачинките се одличен оброк во секое време.

proveren-recept-so-nov-izgled-palacinki-vo-oblik-na-mreza-001.jpg

Ако веќе сте се усовршиле во правење на традиционалните палачинки, ви нудиме еден нов предизвик кој сигурно ќе измами воодушевување кај вашите гости, како со изгледот така и со вкусот.

Потребни состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша вода
  • 1 чаша кокосово млеко (може и обично)
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка куркума
  • малку масло

Во подлабок сад измешајте ги заедно брашното, водата, млекото, јајцата, солта и куркумата додека не добиете хомогена смеса (ако забележите остатоци од грутчиња мешајте додека тие не исчезнат).

Земете пластично шише и со помош на остар нож направете три дупки на неговото капаче. Наполнете го шишето со подготвената смеса.

Загрејте ја тавата и премачкајте ја со малку масло. Превртете го шишето и истурете од смесата низ издупченото капаче правејќи пајажина на тавата. Почекајте неколку минути додека се потпече па превртете ја на другата страна.

Кога ќе биде готова тргнете ја настрана, наполнете ја, превиткајте ги страните навнатре и завиткајте ја во ролна.

Послужете со додатоци по вкус.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
5 посни рецепти без масло за првите денови од велигденските пости За деновите кога се пости на вода, без масло, имаме неколку предлог рецепти за п...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Рецепт за најлесниот десерт со јаболка – растурена мрзлива пита Нема класично тесто и кора, се мешаат состојките, се прави ронлива смеса одозгор...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...

Најчитани неделава