Лесни бомбици за почетници во кујна - од една смеса добивате 4 вкусови

Целосно чоколадни, со вкус на овошје или јаткасти плодови – одберете омилен вкус на бомбици и направете во неограничени количини!

bombici-vo-4-vkusovi-za-koi-ne-treba-pechenje-i-iskustvo-vo-kujna-01.jpg

Како што заладува времето, сите се „затвораат“ дома, се топлат и уживаат во слатки задоволства.

Овие бомбици во 4 различни вкусови се идеални за кога сакате да подготвите нешто брзо, а не сакате да заглавите во кујна.

Се прават од една смеса, со различни додатоци зависно од желбата за вкус, и најважно - нема потреба да се печат. 

Потребни состојки за основна смеса:

  • 600g мелени бисквити
  • 400g шеќер во прав
  • 12 лажици сок од портокал
  • 500g путер или маргарин

Начин на подготовка:

Сите состојки се мешаат добро додека не добиете хомогена смеса. Смесата поделете ја на 5 делови и од секој дел формирајте околу 12 топчиња. Од смесата излегуваат вкупно околу 50 топчиња.

Потоа подгответе ги според следните инструкции за 4 различни вкусови (или одберете 1 омилен):

Бомбици со чоколадо

Стопете 100g чоколадо со 2 лажици масло и внимавајте да не останат грутки. Чоколадото префрлете во чаша, а во него извалкајте ги топчињата едно по едно, да се обложат од сите страни со чоколадо. Наредете ги на рамен сад и ставете ги во фрижидер 10 минути, па наросете ги со трошки. Повторно ставете ги во фрижидер да се стврднат.

bombici-vo-4-vkusovi-za-koi-ne-treba-pechenje-i-iskustvo-vo-kujna-02.jpg

Бомбици со јаткасти плодови

Во основната смеса измешајте 100g мелени јаткасти плодови по желба. Ќе ви бидат потребни уште 100g јаткасти плодови кои ќе ги исечкате на покрупни парчиња. Откако ќе ги формирате топчињата, извалкајте ги во исечканите јаткаси плодови (притиснете малку повеќе за добро да се налепат).

bombici-vo-4-vkusovi-za-koi-ne-treba-pechenje-i-iskustvo-vo-kujna-03.jpg

Бели бомбици

Стопете 100g бело чоколадо и повторете ја постапката како со првите чоколадни бомбици. Ставете ги во фрижидер за да не бидат премногу меки, па потоа извалкајте ги во кокос и повторно ставете ги во фрижидер да се стврднат.

bombici-vo-4-vkusovi-za-koi-ne-treba-pechenje-i-iskustvo-vo-kujna-04.jpg

Овошни бомбици

За овие бомбици ќе ви бидат потребни 12 бобинки од омиленото овошје (јагоди, малини, боровинки, капини, брусница), малку суво овошје по избор и малку густа течност од слатко или сируп за преливи.

Во средина на топчињата ставете едно овошје, па потоа формирајте ги убаво топчињата. Со лажица истурете малку од преливот, па одозгора наросете од ситно сечканото суво овошје. Ставете во фрижидер.

bombici-vo-4-vkusovi-za-koi-ne-treba-pechenje-i-iskustvo-vo-kujna-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава