Викенд мезе: Крцкави брускети со спанаќ и моцарела од кои ќе барате уште

Изненадете ги најблиските со вкусни и крцкави брускети од кои се тегне растопена моцарела – звучи примамливо нели?

vikend-meze-krckavi-brusketi-so-spanakj-i-mocarela-od-koi-kje-barate-ushte-01.jpg

За да не биде рецептот здодевен, додадете уште неколку здрави состојки за посебен шмек, а лукот е најважната која не смее да ја пропуштите.

Сигурно никој не може да го утне овој оброк, а состојките може и да ги менувате по свој вкус, нема да погрешите што и да изберете.

Потребни состојки:

  • 450g крем сирење, омекнато
  • 115g павлака
  • 300g моцарела или кашкавал, рендани (поделено на два дела)
  • 55g рендан пармезан
  • 6 чешниња лук, ситно сечкани
  • ½ лажичка буковец
  • ½ лажичка бибер
  • 240g замрзнат спанаќ (или свеж, по желба)
  • 285g артичока, исечкана (по желба, може да се замени со друга состојка)
  • Багет, исечен на половина и отворен
  • 2 лажици магдонос

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C и поставете хартија за печење на плех.

Во сад измешајте ги крем сирењето, павлаката, половина дел од моцарелата или кашкавалот, пармезанот, лукот и зачините.

Потоа додадете ги спанаќот и артичоката. Лепчињата поставете ги на хартијата за печење и намачкајте ги со убав слој од смесата.

Одозгора истурете од останатиот дел од моцарелата/кашкавалот.

Печете го лепчето 8-10 минути, додека се стопи моцарелата/кашкавалот. Почекајте неколку минути да се излади, а потоа сечете и послужете.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...

Најчитани неделава